Во Италија подигнат споменик на руски офицер кој загина во Сирија

Оддавање почит на Херојот на Русија Александар Прохоренко. Церемонијата беше одржана на аеродромот Чкаловски пред да биде испратено неговото тело во Оренбуршкиот регион, во родниот град на Прохоренко.

Оддавање почит на Херојот на Русија Александар Прохоренко. Церемонијата беше одржана на аеродромот Чкаловски пред да биде испратено неговото тело во Оренбуршкиот регион, во родниот град на Прохоренко.

Вадим Савицки/РИА „Новости“
Во италијанскиот град Ваљи Сото во неделата беше откриен споменик на постар поручник Александар Прохоренко, Херој на Русија, кој пролетта 2016 година херојски загина во Палмира.

Споменикот е изработен од мермер. Тој го претставува рускиот специјалец со полна борбена опрема, потпрен на карпа и со поглед кон небото. Авторот одлучи да го прикаже Прохоренко еден миг пред воздушниот удар кој тој побара да биде извршен врз него бидејќи беше опкружен со милитанти, пренесува „Взгљад“.

Градоначалникот на Ваљи Сото Марио Пуља изјави дека во неговиот град високо ја ценат борбата на рускиот претседател Владимир Путин против „Исламската држава“.

„Беше праведно да му се оддаде почит на војникот кој го даде својот живот за сите нас, затоа што ИД е вистинска глобална закана“, изјави градоначалникот.

„Овој херој, за да не падне во рацете на колачите, повеќе сакаше да умре од пријателски оган. Со неговата постапка може да се гордее целиот свет“, додаде тој.

На откривањето на споменикот присуствуваа над стотина луѓе, вклучувајќи ги локалните жители и руски дипломати.

Материјалот, одбран за правење на споменикот е истиот што е употребен при изградбата на Салата за приеми на папата Павле VI во Ватикан. Овој мермер се ископува во каменоломите на подрачјето на Ваљи Сото.

Споменикот е уште една статуа во Паркот на честа и срамот – локална знаменитост која секоја година доаѓаат да ја видат 200 илјади луѓе. Веќе постои скулптура на италијанскиот телохранител Фабрицио Кватроки, кој загина како заложник во Ирак. „Срамот“, очигледно, го илустрира скулптурата на капетанот Франческо Скетино, кој го уништи крузерот „Коста Конкордија“.

Креаторите на споменикот на Прохоренко ветуваат да направат мали копии на споменикот и да ги предадат на Путин и семејството на Прохоренко, пренесува ТВ „Ѕвезда“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.