Средбата на француското семејство и роднините на рускиот спецназовец се одржа во Министерството за одбрана на Русија. Државниот секретар – заменик-министер за одбрана Николај Панков од името на шефот на Министерството за одбрана Сергеј Шојгу им се заблагодари на Франузите „за благородниот, трогателниот и вистински сојузнички гест“, пишува „Взгљад“.
Според неговите зборови, предавањето на воените реликвии на семејството на рускиот офицер кој го жртвуваше својот живот е светол показ на општите човечки вредности кој ги потврдува пријателските односи меѓу Русија и Франција.
Од своја страна, Жан-Клод Маге изјави дека дознал за подвигот на рускиот војник од интернет, затоа што француските медиуми не информирале за тоа.
„Тој човек загина како херој и ние многу се гордееме со него. Сакаме да ви ги врачиме нашите семејни одликувања. Се разбира, ова, може да се каже, нема големо официјално значење, ова е личен гест. Многу сакаме да ги врачиме овие одликувања токму вам – на семејството на херојот“, рече Французинот.
„Се разбира, ова нема да ви го врати вашиот херој, саканиот син во семејството. Но сакаме да знаете дека со сето срце сочувствуваме со вас“, потенцираше Маге.
Покрај тоа, семејството Маге им ги предаде на родителите на загинатиот офицер почесните медали на градот Фламерсан, на кои е напишано: „На родителите на војникот на вооружените сили кој загина како херој“, како и уште еден орден Легија на честа, од друг Французин, Даниел Кутир.
Таткото на рускиот офицер му се заблагодари на француското семејство за сочувството. „Сакам да ви искажам голема благодарност за одликувањата. Вечно ќе ги чуваме“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче