Претседателот на Русија Владимир Путин во подножјето на Западните Сајански планини во Република Тува. 15 август 2007.
Дмитриј Астахов/РИА „Новости“Претседателот на Русија Владимир Путин пред работната посета на Амурската област речиси два дена престојуваше во Тува. Детали за одморот на шефот на руската држава во Сибир откри неговиот портпарол Дмитриј Песков, пренесува „Лента.ру“.
Според портпаролот на Кремљ, Путин престојувал во тешкопроодна тајга, возење квадроцикл и, без оглед на ниските температури, се капел во езеро. „Водата во езерото не се загрева повеќе од 17 степени, но тоа не го спречи претседателот да се искапи“, истакна тој.
Шефот на руската држава, исто така, беше и на риболов, овојпат подводен, раскажа Песков. На маската на Путин беше инсталирана GoPro камера чии снимки прес-службата на Кремљ ќе ги објави подоцна. „Бркаше една штука два часа, никако не можеше да ја погоди, но конечно успеа“, додаде портпаролот на рускиот претседател.
Путин беше придружуван од министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, како и од првите луѓе на Хакасија и Тува Виктор Зимин и Шолбан Кара-Оол.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче