Песков раскажа за успешниот риболов на Путин во Сибир

Путин на риболов.

Путин на риболов.

Алексеј Николски/РИА „Новости“
Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков раскажа за успешниот риболов на рускиот лидер во Јужен Сибир.

Одговарајќи на прашањето на новинарите дали рускиот претседател успееле да улови риба, Песков одговори потврдно и кратко го опиша неговиот улов.

„Успеа ли да фати нешто?“, праша новинарот. „Успеа“, одговори Песков. „Поголемо од штука?“. „Не, но поинтересно“, прецизираше Песков.

На 1 август беше соопштено дека претседателот на Русија Владимир Путин ќе направи пауза за риболов во Сибир. Потоа Путин замина во Амурската област каде има планирано средби на 3 август. Потоа Путин ќе ја посети Бурјатија.

Во јули 2013 година Путин улови штука тешка повеќе од 21 килограм, за која му беа потребни повеќе од три минути да ја извлече на брегот, пренесува „Рамблер“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња