На денешен ден: Германија ѝ објави војна на Русија

DPA/Global Look Press
Првата Светска Војна се нарекуваше „Големата воjна“

Пред Втората Светска Војна, Првата Светска Војна се нарекуваше „Големата војна“ – што укажуваше на нејзината големина.

Атентатот над австрискиот престолонаследник - надвојводата Франц Фердинанд на 28 јуни 1914 г. го предизвика конфликтот. Австро-Унгарија и Германија ја искористија оваа трагедија за да започнат војна во Европа. Првин, Австро-Унгарија му постави ултиматум  на Кралството Србија. Србија се согласи на сите услови наведени во ултиматумот, со исклучок на еден. Земјите започнаа со мобилизација. Еден месец по атентатот, Австро-Унгарија и објави војна на Србија. Руската влада веднаш одговори со иста мерка, во обид да ја спречи окупацијата на оваа словенска земја. На 31 јули и Русија започна со мобилизација, а Германија на тоа одговори со нов ултиматум барајќи мобилизацијата да запре или, во спротивно, ќе следи објавување на војна, која и официјално и беше објавена на Русија веќе наредниот ден, на 1 август 1914 година.

Во многу земји се одбележува „Денот на Сеќавањето“ на оваа војна на 11 Ноември, но во Русија официјалниот Ден на Сеќавањето се одбележува на 1 август.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња