Шојгу ги отвори Меѓународните армиски игри

Армиски игри.

Армиски игри.

mil.ru
На свечечената церемонија во подмосковскиот парк „Патриот“ министерот за одбрана на Руската Федерација генерал на армија Сергеј Шојгу ги прогласи Меѓународните армиски игри АрМИ-2017 за отворени.

„Секоја година Меѓународните армиски игри предизвикуваат сѐ поголем интерес во земјата и странство. Се сеќаваме како почна пред три години. А денеска својот професионализам овде ќе го покажат повеќе од 3,5 илјади војници од 28 земји, рече рускиот министер за одбрана.

Со задоволство констатираме дека расте бројот на земји подготвени да ја преземат штафетата и да ги организираат Игрите на своја територија. Се проширува списокот на натпреварувачки дисциплини, кои сега ги има 28. Нема сомнение дека тоа ќе ги зголеми атрактивноста и натпреварувачкиот дух на турнирот и ќе привлече голем број на гледачи, додаде министерот.

Почитувани учесници, не заборавајте дека победата е секогаш надминување на себеси, резултат на напорна работа и целосна посветеност. Убеден сум дека сите ќе покажете решителност, истрајност, сила на духот и цврстина на карактерот и ќе ги остварите поставените цели“,  рече Шојгу. 

Во видео обраќањето претседателот на РФ Владимир Путин ги поздрави организаторите, учесниците и гостите на натпреварувањето.

Меѓународните армиски игри АрМИ-2017 ќе траат до 12 август. Во нив учествуваат екипи од 28 земји, а натпреварувањата ќе бидат одржани на повеќе од 20 полигони во пет земји: Русија, Казахстан, Азербејџан, Кина и Белорусија. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња