Русите почнаа подобро да ги оценуваат животот и ситуацијата во земјата

Според анкетата на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ), Русите гледаат позитивни промени во нивните животи и во земјата во целина.

Резултатите на студијата се објавени на сајтот на ВЦИОМ.

Индексот на оценка на личниот живот изнесува 59 точки, што е за 21 повеќе отколку во 2016 година, а за 13 отколку во 2015 година. Сличен индекс за состојбата во земјата изнесува 34 точки. Минатата година тој имаше негативна вредност (минус 3 точки).

Меѓутоа, на прашањето дали Русите ги преживеале најтешките времиња, дали ги преживуваат сега или ги очекуваат во иднина, најголемиот дел од испитаниците (45 проценти) очекуваат најлошото од иднината.

Шефот на Одделот за истражување на ВЦИОМ Степан Љвов изјави дека првата половина на 2017 година може да се нарече период на сигурен излез од минатогодишната „затапеност“, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња