Алексеј Мордашов, претседател на Бордот на директори на „Северстаљ“.
Гриориј Сисоев/РИА „Новости“Имотот на главниот акционер на „Северстаљ“ Алексеј Мордашов во моментов се проценува на 16,8 милијарди долари. Капиталот на Михељсон изнесува 16,2 милијарди долари. Третото место, како и претходно, му припадна на сопственикот на Новолипецкиот металуршки комбинат Владимир Лисин (16,1 милијарди).
Промената на лидерската позиција се случи како резултат на значителното намалување на процената на богатството на Михељсон што се должи на падот на акциите на „Новатек“, пишува „Форбс“. Ако при составувањето на годишниот рејтинг на руските милијардери хартиите на компанијата за гас се тргуваа по 13,3 долари, на 31 јули истите вредеа по 10,2 долари. Како резултат на тоа, процената на капиталот на Михељсон се намали за 2,2 милијарди долари.
Во април „Форбс“ го процени имотот на косопственикот на „Новатек“ на 18,4 милијарди долари и втора година по ред го стави на првото место на рејтингот на најбогатите бизнисмени на Русија. Капиталот на Мордашов, кој го заземаше второто место, беше проценет на 17,5 милијарди долари. Трет, како и сега, тогаш беше Лисин, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче