Бродови на Тихоокеанската флота на РФ во близина на Владивосток, Приморска област, Русија
Виталаиј Анков/РИА „Новости“„Строго ќе ги следиме и другите планови за развој на морнарицата за зголемување на уделот на современо оружје и подобрување на квалитетот на бојните бродови“, изјави рускиот претседател, пренесува „Взгљад“.
Минатата година морнарицата доби 24 бродови, две подморници, како и брод за логистика, рече шефот на руската држава, истакнувајќи дека улогата на домашната индустрија и наука е да ја зајакнат националната одбрана на Русија.
Претседателот на Русија, исто така, ја истакна почитта на општеството кон традициите на руските морнарите со ветување дека војниците и нивните семејства ќе бидат обезбедени со сета неопходни поддршка.
Одделно шефот на руската држава ги истакна заслугите на ветераните во Големата Татковинска војна „кои секогаш беа пример за издржливост и бестрашност“. Претседателот на Русија заклучи дека Русија се гордее со толку храбрите команданти на воената морнарица како од минатото, така и од сегашната генерација на Воената морнарица на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче