Poster "For The Sake of Motherland, for Stalin!". ArtistI.Toidze. 1941
Global Look PressGlobal Look Press
На 28 јули 1942 г., Народниот Комесар за Одбрана Јосиф Сталин го издаде указот број 227. Ова беше направено како одговор на алармантното напредување на Германија длабоко на територијата на Советскиот Сојуз. Сталин се обидуваше итно да најде што повеќе војници и во обид да го стабилизира фронтот, го издаде овој указ. Познат е како еден од најсмртоносните и најконтроверзни укази издадени за времето на Големата Татковинска Војна. Со указот се опфатени три главни законски мерки.
Првата е дека ниту еден командант нема право да направи повлекување на своите сили без да има директна наредба да го направи тоа. Доколку командантот го прекрши ова упатство, му се заканува воен суд. Уште една одредба на указот бр. 227 беше дека секој фронт (н.з. група на армии) е должен да создаде 1-3 казнени баталјони кои ќе бидат составени од војници кои се обвинети за недисциплина. Овие баталјони потоа се испраќаа на задачи на најопасните делови на фронтот. Со третата законска мерка на указот бр.227 секоја армија мораше да создаде таканаречени „одреди за блокирање“ за да стрелаат од зад грб на „кукавиците“ и војниците кои панично бегаат од бој.
Слоганот “Ниту чекор назад!” подоцна беше прикачен на овој указ од страна на советските партизани за да се подвлече уште еднаш идејата дека доколку се обидеш да избегаш од бобрата исто така ќе загинеш.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче