Балтичкото море во Калиниградската област.
Руслан Шамуков/ТАССНа градската плажа во Зеленоградск туристи вечерта на 22 јули извлекле од водата жена која се давела. Очевидците рекоа дека таа претходно се обидувала да им помогне на две деца кои ги повлекла струјата во длабочина, иако и самата не знаела да плива. И покрај тоа таа успеала да ги истурка децата на брегот, по што била повлечена од струјата. Била префрлена во болница во многу тешка состојба.
„Жената беше во кома и во петокот наутро почина“, соопшти регионалното Министерство за здравство за РИА „Новости“.
Во моментот кога жената-херој се обидувала да ги спаси децата, во кулите за спасувачи на плажата немало никого. Заменикот на ополномоштениот претставник на претседателот во СЗФО Михаил Ведерников се обрати до обвинителството со барање да се провери почитувањето на правилата за безбедност на плажа во Зеленоградск.
Регионален раководител на Истражниот комитет на РФ започна проверка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче