На денешен ден: Роден е легендарниот советски разузнавач Николај Кузњецов

РИА Новости
Николај Кузњецов беше легендарен советски агент за контраразузнавање

РИА НовостиРИА Новости

Николај (Никанор) Кузњецов беше легендарен советски агент за контраразузнавање и партизан кој дејствуваше на територијата на Украина окупирана од страна на нацистите во Втората Светска Војна. Николај е роден на 27 јули 1911 г. во Пермската Губернија (денеска дел од Свердловската Област). Во текот на своите разузнавачки операции користел повеќе псевдоними како Рудолф Шмит, Николај Грачев и Оберлајтнант Паул Зиберт. Кузњецов течно зборувал Германски, Есперанто, Полски, Украински и Мордвински јазик.

Неговите разузнавачки операции се легендарни. Благодарение на неговата работа, советското контраразузнавање ги знаело деталите на тајната дипломатска кореспонденција на Германската Амбасада. Тој помогнал во разоткривањето на главниот штаб на Хитлер во Украина наречен "Werwolf" и убил шестмина високи германски чиновници. Податоците кои тој ги собрал, исто така помогнале да се оневозможи било каков атентат над лидерите на СССР, САД и Велика Британија за време на Техеранската Конференција.

Во едно од последните писма на Николај упатени кон неговиот брат тој напишал: „Го сакам животот, сè уште сум многу млад. Но ако мојата татковина, која ја сакам како мојата родна мајка, побара од мене да го жртвувам својот живот за таа да се ослободи од германската окупација, ќе го сторам тоа. Нека знае сиот свет што може да направи руски патриот и болшевик. Нека знаат нацистичките лидери дека нашиот народ нема да биде поразен и згаснат како сонцето... Јас ќе умрам, но во сеќавањето на мојот народ, јас ќе бидам бесмртен.“

Кузњецов загинал на 32 годишна возраст во престрелка со припадниците на Украинската Востаничка Армија (УПА) во близина на градот Броди, на 09 март 1944 година. Николај постхумно е одликуван со титулата „Херој на Советскиот Сојуз“. Неговите записи сè уште не се официјално обелоденети и ќе останат во архивите на Федералната Служба за Безбедност до 2025 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња