Тројцата најпознати дезертери во советската историја

Лубјанка, 1 јуни, 1991, Москва, СССР

Лубјанка, 1 јуни, 1991, Москва, СССР

Николај Малишев / ТАСС
Во советската историја има случаи кога високи чиновници се свртувале против државата и откривале важни податоци на противничките страни. Споменуваме три приказни на луѓе кои се осмелиле да упатат предизвик на советската држава од страв или на идеолошка основа.

На 5 јуни во САД се разгоре уште еден скандал со протекувањето на информации - ФБИ уапси 25-годишната Реалити Ли Винер од Џорџија, која работела како федерален контрактор. Таа е обвинета дека украла тајни информации од владината подружница и ја испратила за објавување на сајтот Intercept; таа може да биде осудена на 10 години затвор. Информацијата е за евентуална поврзаност помеѓу руското разузнавање и хакерските напади пред претседателските избори во 2016 година, очигледно послужила како основа за публикација во Intercept.

Основачот на „Викиликс“ (WikiLeaks) Џулијан Асанж се огласи со поддршка на Винер. „Обвинета е дека имала храброст да се обиде да ни помогне да се информираме“, напиша тој на Твитер.

Денес случаите на протекување на Интернет привлекуваат сè поголемо внимание кај јавноста. Во Советска Русија такви протекувања воопшто не привлекувале внимание од простата причина што освен „одговорните фактори“, никој не знаел за нив, но и покрај тоа тие се случиле. Се разбира, во тоа време немало Интернет и луѓето кои откривале доверливи податоци, не биле информатори на „Викиликс“, туку обично високи функционери кои одлучиле да преминат во другиот политички камп. Еве приказните на тројца од нив.

Хајнрих Љушков – чекист кој избегал во Токио

Во 1938 година Хајнрих Љушков (1900-1945) немал причина да се жали од животот и кариерата во Советскиот Сојуз. Тој е успешен офицер од Народниот комесаријат за внатрешни работи (НКВД) на чело на локалната единица на оваа организација во Далечниот Исток на СССР. Љушков активно учествува во Големата чистка на Сталин: како што пишува историчарот Јосиф Телман, токму под негово раководство репресиите во Далечниот Исток го достигнуваат својот врв.

Хајнрих Љушков /Фондот за  Фонд Дальневосточной государственной научной библиотекиХајнрих Љушков /Фондот за Фонд Дальневосточной государственной научной библиотеки

Времињата се менуваат и Љушков е загрозен. Властите го повикуваат во Москва во мај 1938 година. Љушков е свесен дека откако позициите на неговиот заштитник Николај Ежов, шефот на НКВД, се разнишани, во Москва го чека само апсење и смрт. Затоа решава да избега во Јапонија - земја која е на работ на војна со неговата татковина.

Во јуни 1938 година ја преминува границата со Манџурија, која е контролирана од Јапонија, и се упатува кон Токио, каде вели дека е подготвен да соработува со јапонското разузнавање. „Подготвен сум да го посветам остатокот од својот живот на борбата со сталинизмот“, вели тој. Телман забележува дека Јапонците, изгледа, не поверувале во неговата искреност, но и покрај тоа тој станува нивен непроценлив извор за информации.

Љушков ги открива сите информации што ги има за советската армија и за разузнавањето на Далечниот Исток. Од информациите кои тој ги дава, Јапонците дознаваат дека армиските единици на границата се многу поголеми отколку што мислеле и поради оваа причина се откажуваат од плановите да го нападнат СССР. Згора на тоа, со помош на Љушков Јапонците успеваат да изработат два плана за убиство на Сталин („Операција Мечка“). И двата обида за убиство пропаднале, но Јапонците го оценуваат високо ентузијазмот на Љушков, признавајќи дека тој е паметен и вреден работник.

Дезертерот-чекист продолжува да служи во јапонската армија до крајот на Втората светска војна, работејќи како специјалист за Источна Азија и СССР. Во 1945 година, кога Германија капитулира и СССР ѝ објавува војна на Јапонија, Љушков е испратен во Квантунската армија. Исчезнува во август 1945 година, кога е забележан за последен пат во Дајрен (сега Далиен, Кина). Иако неговата судбина да не е многу јасна, повеќето руски историчари веруваат дека Јапонците го убиле, откако ја сфаќаат неизбежноста на поразот. На крајот на краиштата Љушков знаел премногу за Токио да го остави жив.

Аркадиј Шевченко - дипломат, шпион, емигрант

Во 1975 година заменик-генералниот секретар на ОН Аркадиј Шевченко (1930-1998), советски граѓанин се обраќа со молба до Даниел Патрик Мојнихан, амбасадорот на САД во ОН, да добие азил во САД. Мојнихан, премногу изненаден, го пренесува барањето на ЦИА. Агентите го убедуваат Шевченко дека пред да ја напушти социјалистичката татковина и да почне да живее во САД, треба да ѝ помогне на американската влада. Така Шевченко станува највисок американски шпион во Советскиот Сојуз.

Аркадиј Шевченко  / APАркадиј Шевченко / AP

Пред внатрешната промена Шевченко е талентиран и успешен дипломат. Има блиски односи со министерот за надворешни работи на СССР Андреј Громико во периодот 1957-1985 година. Според мемоарите на главниот соработник на КГБ Игор Перетрухин Громико немал тајни од Шевченко - детално разговарал со него не само за советската надворешна политика, но и за длабоките тајни на Политбирото (советската влада) како идни состаноци, здравствената состојба на неговите членови итн. Од 1975 година до 1978 година Шевченко ја предавал целата оваа информација на ЦИА.

Сомневањата на КГБ кон него се засилуваат и поради тоа Шевченко инсистира Американците да му дадат азил, кој станува факт во март 1978 година. Во прогонство тој напишал мемоари насловени како „Јазот со Москва“, во кои се обидува да ги објасни причините. Според книгата во средината на седумдесеттите години од минатиот век тој целосно се разочарал од лицемерниот социјалистички систем и бидејќи не можел да ги промени работите внатре, решава да се бори со него, откривајќи тајни податоци на Западот.

Од друга страна, некои советски високи функционери, кои го познавале, тврдат дека Шевченко не бил заинтересиран за ништо друго, освен за личниот комфор, и бил заведен од идејата да има повеќе луксуз и слободен живот на Запад. Го поминал остатокот од својот живот во САД и умира во 1998 година од цироза.

Олег Гордиевски - човекот на Лондон во Москва

Во интервјуто за радио „Слобода“ Олег Гордиевски (роден во 1938 година), поранешен полковник на КГБ и долгогодишен британски таен агент, потсетува дека токму советската инвазија во Чехословачка го натерала да се разочара од советските вредности и од работата. Гордиевски се поврзува со МИ6 во 1968 година и почнува да работи за Западот. Неговата соработка станува особено драгоцена во 1982 година, кога е назначен за резидент на КГБ во Лондон, предводејќи ја работата на советските тајни служби во Велика Британија.

Олег Гордиевски  / РојтерсОлег Гордиевски / Ројтерс

Владимир Семичастни, поранешниот шеф на КГБ, ги карактеризира дејствијата на Гордиевски како најштетните за државната безбедност на крајот на советската ера. Од друга страна, како што тврдат поранешни претставници на MИ-6, информациите обезбедени од Гордиевски, им помогнале на Маргарет Тачер и на Роналд Реган да ја разберат подобро советската политика и така да се стави крај на Студената војна. „За мене беше важно да ја заштитам цивилизацијата на Западот. Токму за тоа мислев“, вели подоцна двојниот агент.

Во 1985 година советските власти разбираат дека Гордиевски е шпион. Го повикуваат во Москва кадешто го испрашува КГБ. Иако е под дејство на дрога, Гордиевски не се разоткрива и КГБ му овозможува да живее во Москва. Со помош на агенти од MИ-6 тој бега во Финска. Настанот личи на сцена од шпионски филм - агентот поминува прошверцуван во багажникот за да ја премине границата. Од Финска тој заминува за Велика Британија, кадешто живее и сега. Според интервјуата тој не жали и не се плаши од фактот дека и досега Русија не му ја укинала смртната пресуда издадена уште од советската влада во 1985 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња