Како Русија и Западот ќе ги решат несогласувањата за Арктикот

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на 10 министерски состанок на Арктичкиот совет. 11 мај 2017, Фербанкс, Алјаска, САД.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на 10 министерски состанок на Арктичкиот совет. 11 мај 2017, Фербанкс, Алјаска, САД.

Александар Шчербак/ТАСС
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави во својот говор на министерскиот состанок на Арктичкиот совет дека на Арктикот му недостасува потенцијал за конфликт меѓу Русија и другите поларните земји. Експертите за меѓународни прашања сметаат дека ситуацијата е посложена, но засега проблемите навистина се решаваат успешно.

Во последниве години Русија и Западот ретко се согласуваат едни со други. Москва, Вашингтон и европските престолнини се придржуваат кон спротивните страни во сириската граѓанска војна, имаат различно толкување за конфликтот во источна Украина, се обвинуваат едни со други за обиди за мешање во внатрешните работи. На овој фон реториката околу Арктикот изгледа многу мирољубива.

Ова се потврди и на одржаниот на 11 мај во градот Фербанкс, сојузната држава Алјаска, министерски состанок на Арктичкиот совет. „На Арктикот му недостасува потенцијал за каков било конфликт“, истакна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во својот говор на состанокот. Според него Русија прави сè што е можно за да се задржи арктичкиот регион како територија на мирот и соработката.

Слични беа изјавите и на западните колеги на Лавров - министрите за надворешни работи на Данска, Исланд, Канада, Норвешка, САД, Финска и Шведска (сите овие земји учествуваат во Арктичкиот совет). „Арктикот - територија на мирот“ - тоа е традиционалното мото за сите форуми посветени на регионот. Но, не сите се убедени дека оваа теза одговара на реалноста.

Невидливи закани

Поларните региони останува силно милитаризирани уште од времето на Студената војна, потсетува Алексеј Фененко, водечки научен соработник во Институтот за проблемите на меѓународната безбедност при Руската академија на науките (РАН). „Сите правци на интерконтиненталните балистички проектили, руски и американски, минуваат низ Арктикот“, вели Фененко за „Руска реч на македонски“. Тука се концентрирани и основните стратешки нуклеарни сили на Русија. „Во овој поглед Арктикот е на предната линија [на отпорот]“, смета Фененко.

Министерката за надворешни работи на Шведска Маргот Валстром, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, државниот секретар на САД Рекс Тилерсон и министерот за надворешни работи на Норвешка Борге Бренде позираат за групна фотографија пред почетокот на 10 министерска средба на Арктичкиот совет. 11 мај 2017, Фербанкс, Алјаска, САД. Извор: Александар Шчербак/ТАССМинистерката за надворешни работи на Шведска Маргот Валстром, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, државниот секретар на САД Рекс Тилерсон и министерот за надворешни работи на Норвешка Борге Бренде позираат за групна фотографија пред почетокот на 10 министерска средба на Арктичкиот совет. 11 мај 2017, Фербанкс, Алјаска, САД. Извор: Александар Шчербак/ТАСС

Некои официјални лица исто така се на мислење дека во регионот се води прикриена трка за вооружување. На пример командантот на крајбрежната стража на САД Пол Зукунфт во разговор со „Форин полиси“ (Foreign Policy) на 3 мај изрази загриженост дека Русија „дава шах и мат“ на САД на Арктикот, надминувајќи ги Американците според количеството и квалитет на вооружувањето и техниката, особено кај мразокршачите.

За возврат Русија традиционално е незадоволна од јакнењето на НАТО во Арктикот. На 26 април министерот за одбрана Сергеј Шојгу го критикуваше создавањето на полигон во северните делови на Норвешка, во кој во ротација ќе се стават контингенти на Алијансата. Шојгу ги нарече овие дејствија „демонстрација на силно наметнување на интересите на НАТО“.

Специјалните интереси на Русија

Независно од изјавите на незадоволство, Русија и Западот сепак се трудат да одржуваат мирен развој на регионот, смета Андреј Кортунов, генерален директор на Рускиот совет за меѓународни прашања (РСМД). „Што се однесува до зборовите дека воено Русија има супериорност во Арктикот, ваквата ситуација е создадена историски“, вели Кортунов за „Руска реч на македонски“.

Експертот е на мислење дека на Запад секогаш постоело имплицитно разбирање дека Арктикот е од особено значење за Русија, поради фактот што нејзината воена флота, за разлика од онаа на САД, нема пристап до акваторија на Тихиот и Атлантскиот Океан, затоа земјите од НАТО немаат стремеж да постигнат паритет во регионот. Експертот нагласува: „Ако ова разбирање се задржи, сметам дека ќе можеме да избегнеме трка за вооружување“.

Ресурсите и териториите

Арктикот е многу важен регион: тука се концентрирани, според процените на научниците, 13% од светските резерви на нафта и 30% од природниот гас. На фонот на топењето на поларниот мраз особено значење стекнува и Северниот морски пат: до крајот на триесеттите години на овој век, според експертите на Арктичкиот совет, тој може да се ослободи од мраз и да се претвори во најголемата транспортна артерија.

На овој фон стекнува важност прашањето за припадноста на арктичкиот акваторија, кое и досега не е целосно решено. Арктикот е поделен помеѓу пет земји (Русија, САД, Норвешка, Данска и Канада) со зачувување на регионот како светско наследство, но при тоа страните меѓусебно се обвинуваат за територијални претензии. На пример жалбата од Русија, Канада и Данска до комисијата на ОН, се преклопуваат една со друга - секоја држава на своја начин ја пресметува територијата на континенталниот гребен и смета дека претензиите на соседната се неосновани.

Спор, но не и војна

Алексеј Фененко е на мислење дека по 5-10 години, во зависност од тоа што ќе одлучи комисијата на ОН, можат да произлезат сериозни тензии. На пример, ако ОН ја определи територијата околу Северниот Пол на земја од НАТО и таму почнат да летаат авиони на Алијансата, можат да произлезат судири. „На Северниот морски пат може да се роди локален конфликт“, вели политикологот.

Од друга страна Андреј Кортунов набројува три сериозни разубедувачки фактори. Прво, основните резерви од минерали се сконцентрирани во веќе совладаните и поделени области, чија припадност не предизвикува расправија. Второ, според него, барањата на ОН се поднесуваат „со резерва“ и покрај тоа што територијални несогласувања навистина постојат, земјите мирно можат да ги решат доколку направат заемни отстапки, како што тоа го направија Русија и Норвешка, кога ја поделија акваторија на Баренцово Море во 2010 година.

Третата причина, забележува Кортунов е што ОН ги разгледува сите жалби постепено: „Решението ќе биде објавено најверојатно не порано од средината на дваесеттите години на овој век, а дотогаш многу може да се промени - може тензиите во меѓународните односи да исчезнат“. Затоа, според зборовите на експертот, арктичкиот проблем не треба да се драматизира: тој постои, но тоа не е конфликт кој може да предизвика војна.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња