Што се крие зад убиството на Вороненков?

Украинска полиција на местото на убијството на Денис Вороненков, Киев, 23 март 2017.

Украинска полиција на местото на убијството на Денис Вороненков, Киев, 23 март 2017.

ZUMA Press/Global Look Press
Денис Вороненков, поранешен пратеник на рускиот парламент, кој замина од Русија есента 2016 година и по кого беше објавена потерница од страна на Истражниот комитет, беше застрелан на 23 март во центарот на Киев. Украинските власти го поврзуваат убиството на Вороненков со неговата критика на адреса на Москва, а руските власти одрекуваат вмешаност во убиството на поранешниот парламентарец.

Напладне на 23 март поранешниот пратеник на руската Државна дума Денис Вороненков поминувал покрај хотелот „Премиер палас“ во центарот на Киев кога врз него бил отворен оган. Напаѓачот, според сведоштвото на очевидците, истрелал во Вороненков не помалку од осум куршуми и го убил на место. Телохранителот на Вороненков пукал врз напаѓачот и обајцата се здобиле со прострелни рани. Според податоците на украинското издание на „Обозреватељ“, убиецот е човек роден во 1988 година по кого била објавена потерница. Тој им подлегнал на раните по неколку часа.

Што велат за убиецот?

На 24 март информации за убиецот прв објави украинскиот независен медиумски експерт Анатолиј Шари - на својот профил на Фејсбук тој го откри неговото име. „Паршов Павел Александрович, Днепропетровск, 28.07.1988 - 23.03.2017?“, напиша Шари. Тој вети и 30.000 гривни (околу 1.000 евра – заб. прев.) на првиот човек кој ќе се поврзе со него и ќе потврди дека служел заедно со Паршов во националната гарда на Украина.

Во секцијата „Потрага“ на сајтот на руското Министерство за надворешни работи има податоци за Паршов - според нив тој се бара за сторено кривично дело по чл. 205 и 209 од Кривичниот законик на Украина (фиктивно претприемништво и легализирани приходи добиени од криминална активност). Овие податоци се појавија во медиумите претходно. Потоа информацијата беше потврдена и од советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, пратеникот Антон Герашченко.

Рускиот државен деец Евгениј Тарло го коментира следново по повод смртта на убиецот на Вороненков на својот профил на Фејсбук: „Доколку имаше дури и најмала руска трага, убиецот ќе беше оставен жив по секоја цена. Тој бил жив во моментот на приведувањето и жив е однесен во болница. Освен тоа, тој веќе ќе беше успеал да каже дека го ангажирал Путин во Кремљ и дека му ветил орден. Но, сето тоа е едноставно и цинично. Никаква патетика. Убиецот служел во Националната гарда на Украина. Тој е вработен, му помогнале да го изврши убиството, а потоа го ликвидирале, како што тоа се случува обично“. Тарло истакнува дека претседателот на Украина Петро Порошенко веднаш по убиството ги обвини руските тајни служби дека имаат вмешано прсти. Според Тарло тоа е доказ дека убиството било очекувано.

Донецкиот политиколог Владимир Корниловобрнува внимание на видеото направено веднаш по убиството на Вороненков: „Буквално во првите минути по истрелите (порано од полицијата) се појавува снимател - судејќи според сè, со прилично добра камера. Цело време тој не ја соблекува качулката. Првично снима заеднички сцени, а потоа долго го снима убиецот. Потоа до него дотрчува еден лисест тип, шепоти нешто, му дава упатства и снимателот долго ја снима жртвата. Потоа дотрчува лисестиот, вели нешто и двајцата доста брзо ја напуштаат сцената“.

Според Корнилов снимателот најверојатно не е претставник на некоја телевизија, бидејќи во тој случај би останал и би продолжил да ги снима случувањата. Политикологот претпоставува дека тоа можеби е снимател кој е најмен од нарачателите на убиството. „Можеби снимале за да дадат извештај на нарачателот? Затоа и овие кадри биле доволни?“

Политички емигрант или измамник?

Вороненков беше пратеник во рускиот парламент од 2011 до 2016 година, но уште во 2014 година Истражниот комитет на Русија испраќа во Државната дума барање тој да биде лишен од пратеничкиот имунитет - обвинет е за измама во особено големи размери. Есента 2016 година Вороненков ја напушта Русија, а во декември заедно со својата сопруга, исто така поранешен пратеник од Државната дума, Марија Максакова, заминуваат во Украина. Русија по поранешниот пратеник објавува меѓународна потерница и го апси во отсуство.

Вороненкв и неговата сопруга Марија Максакова во Киев / РојтерсВороненкв и неговата сопруга Марија Максакова во Киев / Ројтерс

Во Киев поранешниот пратеник добива украинско државјанство и зборува критички за руската власт. Смета дека тврдењата на Москва кон него се од политичко природа и се поврзани со фактот дека давал искази во Генералното обвинителство на Украина во случајот за предавство против поранешниот претседател Виктор Јанукович. Во Украина Вороненков ја критикува Русија во врска со присоединувањето на Крим (иако во 2014 година овој пратеник од Државната дума гласаше за оваа одлука) и тврди дека има понуди за работа во тајните служби на Украина.

Реакција на убиството

Украинските власти веднаш по убиството на Вороненков ја обвинија Русија. Претседателот Петро Порошенко настанот го окарактеризира како „терористички чин“ и виде во него „очигледен ракопис на руските тајни служби“. Генералниот обвинител Јуриј Луценко истакна дека убиениот Вороненков дал вредни искази во случајот на Јанукович, и дека Русија ги извршила „нагледна казна на сведок“. Руските политичари и државни лица ги отфрлат сите обвинувања. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги нарече тврдењата за руска трага во убиството „апсурдни“ и истакна дека украинската страна не можела да осигури безбедноста на Вороненков. „Убиството на човек секогаш е трагедија“, истакна Песков.

Песков изрази и надеж дека Украина ќе изврши целосна и објективна истрага на околностите околу атентатот. Патем, портпаролот на руското Министерство за надворешни работи на Русија Марија Захароваизјави дека избрзаните обвинувања на Порошенко на адреса на Русија говорат дека „истрагата не може да биде непристрасна и објективна“. Во исто време таа изрази сочувство на роднините и блиските на Вороненков.

Претседателот на Државната дума Вјачеслав Володинизјави дека да се изразува каква и да било гледна точка во врска со настанот може само откако ќе излезе извештајот на органите на прогонот. Според него, судејќи според она што се случува во Украина, „тешко дека е тоа е можно, бидејќи Украина се повеќе се урива до нивото на терористичка држава каде законот веќе не функционира, и овие изјави се своевидна агонија“.

Најостро на случката неочекувано реагираше мајката на сопругата на Вороненков - Људмила Максакова. „Слава Тебе, Господи, што друго да правиш со него? Фала Богу што на крајот човекот кој постапуваше подло, беше убиен“, ја цитира „Лајф“ Максакова постарата.

Чии тајни служби се виновни?

Украинските власти инсистираат на тоа дека од убиството на Вороненков интерес има Русија. Поранешниот пратеник од Државната дума и политички емигрант Иљја Пономарјов (кој живее во Киев, и со кого требало да се сретне Вороненков кога беше убиен) го сподели своето мислење. „Вороненков беше смртно опасен за руските милитанти структури“, напиша Пономарјов на Фејсбук.

Алексеј Мухин, директор на рускиот Центар за политички информации, смета оваа гледна точка за сомнителна - Вороненков не им бил потребен на руските тајни служби. „Тој беше користен материјал, тој веќе ја критикуваше Русија, ги даде своите искази, даваше интервјуа“, вели Мухин за „Руска реч на македонски“. Според политикологот убиството на политичар-бегалец во центарот на тримилионски град веднаш би предизвикало сомневање на адреса на Русија, а тоа е последното од што имаат потреба тајните служби.

Самиот Мухин смета дека убиството може да е организирано од украинските тајни служби за да можат да го обвинат Кремљ. Оваа гледна точка ја делат и некои руски политичари: на пример пратеникот од владејачката „Единствена Русија“ Евгениј Ревенковели дека „си имаме работа со цинична и жестока провокација од украинските тајни служби“.

Колумнистот на весникот „Взгљад“ Пјотр Акоповсмета дека убиството на Вороненков е поволно за противниците на Путин и го спореди со смртта на Борис Березовски и Борис Немцов. Според него Вороненков, како и Немцов и Березовски своевремено, веќе не претставувал опасност за руската власт и Владимир Путин и бил „истрошен материјал“.

„Дали тој разбирал дека кивеските власти само ќе го користат за целите на антируската пропаганда? Веројатно - но изгледа во Русија тој се плашел не само од истрагата, но и од своите партнери“, пишува Акопов за Вороненков. Според аналитичарот во неговото убиство може да се вмешани споменатите „партнери“, или пак да има украински корени. „Тоа не значи дека договорот е направен од Порошенко или Аваков. Во Украина постојат неколку завојувани центри на моќ, каде се вмешани и западните тајни служби. А, тоа дека за информациска војна со Русија еден мртов Вороненков е повреден од живиот, е едноставно баналност“, тврди Акопов.

Медиумскиот експерт Шари ги критикува украинските новинари и политичари дека веднаш ги обвиниле руските тајни служби за убиство. Според Шари ситуацијата е премногу комплексна за да се прават слични заклучоци. Во исто време тој го карактеризира Вороненков како „света жртва“. Вороненков, пишува Шари, неодамна постојано тврдел дека руската власт е настроена против него и дека можат да го убијат, бидејќи знаел премногу и давал искази за настаните во Украина во 2014 година. Според Шари ваквите изјави биле неразумна постапка, бидејќи некои луѓе во Украина можеле да имаат корист од овие искази на Вороненков и да остварат создаден од нив сценарио, со цел да го обвинат за сè Кремљ.

Марија Максакова на местото на убијството / РојтерсМарија Максакова на местото на убијството / Ројтерс

Криминална верзија

Друго објаснување за настанот го поврзува убиството на Вороненков со неговите бизнис-интереси. Заменик-претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Државната дума Франц Клинцевич потсетува на врските на Вороненков со нелегалниот бизнис. „Тој вртеше страшно многу 'валкани' пари, а тоа секогаш е опасно“, рече Клинцевич, а го цитира РИА Новости.

На истото мислење е и шефот на Федералниот информативен центар „Анализи и безбедност“ Руслан Милченко. „Вороненков беше поврзан со криминални дела: се занимаваше со даночно затајување и рејдерско присвојување. Во Русија имаше неколку многу сериозни луѓе (криминалци) кои може да го зеле на заб“.

Последици

Кој и да го убил Вороненков всушност, политиколозите се согласуваат дека неговото убиство ќе доведе (и веќе доведе) до заострување на односите помеѓу Русија и Украина. „Нè очекува многу интензивен, но краток информациски судир, Украина ќе ја обвинува Русија, Русија ќе се оправдува и ќе обвинува како одговор“, смета Алексеј Мухин.

„Ниту Русија ниту Украина не покажуваат стремеж кон деескалација“, изјави за „Руска реч на македонски“ Михаил Виноградов, претседател на фондацијата „Петербуршка политика“. Според него убиството на Вороненков ќе биде уште една тема за која двете страни ќе си разменуваат обвинувања, што го попречува воспоставувањето на нормални односи.

Пјотр Акопов има друга гледна точка. Тој пишува дека „за големо разочарување на Киев, убиството на Вороненков нема да има сериозно политички последици“, бидејќи во моментот на меѓународната сцена се случиле неповолни за Киев времиња. Според Акопов на Запад се уморни од Порошенко и Украина и никој таму нема да се фати на каков и да е повод за дискредитација на Кремљ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња