Руски научник планира да живее до 150 години

Panthermedia / Vostock-photo
Биофизичарот Алексеј Карнаухов сака да го запре стареењето преку генетската технологија и сопствената коскена срж. Во средината на октомври тој го заврши успешно првиот дел од својот експеримент за зголемување на должината на животот.

Научникот Алексеј Карнаухов, виш научен соработник на Институтот за биофизика на клетките при Руската академија на науките има 55 години. Решен е да живее уште 100 години, откако ќе ја тестира врз себе технологијата што тој ја развил, а со која се предвидува користење на клетки од коскената срж. Карнаухов не се сомнева во успехот на експериментот.

Во средината на октомври поради својот сон Алексеј преживува тешка операција. Земена му е коскена срж во обем од околу 100 милилитри, која е ставена во епрувета и замрзната. По неколку години на Карнаухов ќе му бидат ставени сопствените клетки кои до тој момент се чуваат во криобанка.

Алексеј Карнаухов / Facebook.comАлексеј Карнаухов / Facebook.com

„Се чувствувам добро со оглед на возраста и претрпената операција“, изјави Карнаухов за „Руска реч на македонски“.

Подмладување на сопствените клетки

Карнаухов смета дека во одредена возраст на луѓето треба да им се имплантираат нивни сопствени клетки кои сè уште не се оштетени како резултат на различни надворешни влијанија. Тоа би било сосема доволно за да се спаси, на пример, човек, изложен на смртоносна доза радиоактивно зрачење.

Технологијата не дозволува да си врати младоста. Во иднина, вели Карнаухов, тој ќе продолжи да биде на 50-годишна возраст. Според рускиот биофизичар сепак вештачкото „подмладување“ на сопствените клетки воопшто не е безбедно.

„Вештачки активираните клетки со големо количество генски грешки можат да одиграат негативна улога и да го убијат човекот - на пример да провоцираат тумор“, вели Карнаухов. „Доколку во организмот внесуваме само млади матични клетки со намалено количество грешки, тогаш тие самите можат да го најдат своето место во организмот и да го изработат потребното количество исполнет клеточен материјал, со што постепено ќе го обноват здравјето на човекот“.

Времетраењето на животот на глувците се зголемила за 34%

Тестовите започнале пред 10 години. Во 2013 година се појавуваат првите резултати: просечниот животен век на глувците се зголемува со 34%.

„Резултатите беа многу интересни: се зголеми репродуктивниот рок. Во човечки мерки жените би раѓале на 60 години. Глувците беа активни и надворешно изгледаат помлади - крзното им беше сјајно и меко. Притоа ние не создаваме којзнае какви услови за живот на глувците. Тие живееја во заедничка просторија и се репродуцираа, слично како животните од контролната група“, раскажува научникот.

Во 2015 година заедно со своите колеги од МГМУ Карнаухов започна проект за проучување на влијанието на технологијата за максимална должина на животот кај глувците. И додека експериментот сè уште трае, можеме да кажеме дека должината на животот на експерименталните животни се зголемила за 30%.

Карнаухов смета дека неговата методологија може да биде понудена на сите заинтересирани уште денес поради нејзината безбедноста.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња