„По САД, Русија останува најголем доставувач на оружје во светот, нејзините приходи од тоа изнесуваат 17 милијарди американски долари. Колку и да сакаме мир, нарачките на оружје во светот постојат, а Русија работи на тоа“.
„Сфаќаме дека тоа не е само за Министерството за одбрана, ами и за целата земја. Сфаќаме во каков свет живееме. Мислам дека луѓето го ценат фактот што ситуацијата е стабилна, границата е заштитена, кај нас не се случува она што се случува на Далечниот Исток и во Европа“.
„Според нас виновници за деградацијата на односите се САД. Ние не се стремевме кон тоа. Претпоставките беа многу солидни, нешто ќе остане за понатаму, но основата е разурната“.
„За прашањата поврзани со меѓународната безбедност ние сме подготвени во секој случај да останеме во контакт. Но, кога станува збор за економијата, тука не сме задолжителни партнери. Обртот со САД од 25-30 милијарди американски долари е незначителна сума“.
„Погледнете што се случи таму. На чело на нивната земја е човек кој ниту еден ден не се занимавал со политика. Она што е главно кај тие луѓе е што немаат вродени антируски стереотипи. Тоа се луѓе кои започнуваат со нов лист. Тоа не е лошо“.
„Не е важно кој купува, туку тоа да бидат нормални пари“.
„Цела низа приватизациски зделки од деведесеттите години на минатиот век беа неправедни. Тоа не значи дека биле незаконски. Но, таа страница е свртена, нема назад“.
„Приватизацијата на пакетот на Роснефт е една од најголемите зделки во светот годинава во областа на нафтата и на гасот. <...> За купување беа заинтересирани и Јапонците и Корејците, но потребна е добра понуда. За нас е неприфатливо некој да плати потоа“.
„Приведувањето на поранешниот министер [за економски развој] Алексеј Уљукаев е мошне тажен настан, кој според мене е на работ на она што може да се случи со еден министер“.
„Ваквите нешта [приведувањето функционери] и процесите не треба да се претвораат во шоу, не треба да се „шминкаат“. „Show must not go on“ („Шоуто не треба да продолжи“ – заб. прев.).
„Тоа не е глума, не е желба за да се допаднеш некому пред избори. Без разлика на тоа каква е сезоната, функционерите подлежат на одговорност. Оваа линија продолжува“.
„До денес не можам да сфатам кој е господинот Мекларен и неговиот правен статус. Погледнете го последниот извештај и што зборува овој господин. 'Целосно сум уверен дека Мутко [Виталиј Мутко – министер за спорт на РФ до октомври 2016] има врска со користењето допинг'. А по неколку минути вели: Немам докази во врска со ова. На што личи сето тоа?“
„Зборува за тоа дека Русија има државна програма за допинг – тоа е смешно, тоа е невистина“.
„Антидопинг-кампањата стана антируска кампања. <...> Постојат поводи да бидеме прекорени? Секако дека постојат. Постојат поводи да се прекоруваат други земји? Секако постојат. Но, кампањата е насочена само против нашата држава“.
„Зошто токму сега го одложија светското првенство по бобслеј? Имаат право, но зошто имено сега? Порано атмосферата беше поинаква? Каква е таа детска игра, каква атмосфера! Постои договор што ги поврзува нашата Федерација за бобслеј и меѓународната. Проверив, таму нема сериозни одговорности. Значи договорите треба да бидат пропишани така што другата страна неколку пати ќе размисли пред да раскинува договор на таков начин“.
„Лошата приказна треба да заврши“.
Санкциите се лоши за сите, но ние не го започнавме тој бран. Во еден момент нашите партнери решија дека со помош на санкции може да ја приклонат Русија кон некоја позиција, ваквиот начин е применуван повеќе пати и тој не довел кон ништо“.
„Во следниве години ние 100% ќе ги затвориме нашите потреби на пазарот на прехранбени производи, а европските, особено балтичките земји, многу ќе изгубат од тоа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче