Неколку месеци жестока пропаганда не можат да исчезнат без трага

Хотелот „Кремљ“ во Анталија. Руската Федерална агенција за воздушен превоз ги забрани чартер-летовите за Турција по соборувањето на авионот Су-24 на руското воено воздухопловство во близина на турско-сириската граница во ноември 2015 година.

Хотелот „Кремљ“ во Анталија. Руската Федерална агенција за воздушен превоз ги забрани чартер-летовите за Турција по соборувањето на авионот Су-24 на руското воено воздухопловство во близина на турско-сириската граница во ноември 2015 година.

Александар Демјанчук / ТАСС
„Руска реч на македонски“ поразговара за односите меѓу рускиот и турскиот народ со Евгениј Бахревски, специјалист за Турција, кандидат на историски науки, заменик-директор на Институтот за наследството.

Во текот на седумте месеци од конфликтот во односите помеѓу Русија и Турција и двете страни „фрлаа дрвја и камења“ - односите се влошија во многу сфери. Како влијае кризата на односите помеѓу двата народа? Постои ли антируско расположение во Турција и соодветно антитурско во Русија?

Евгениј Бахревски: Безусловно антируското расположение во Турција и антитурското во Русија се зголеми, при што значително. Уште повеќе што во земјите каде што меѓусебниот судир практично претставува дел од културата на ниво на уметнички слики и живи поговорки. На пример во современиот турски јазик постои изреката „Moskov geldi“ („Московјаните дојдоа“), што значи целосна разбивање.

Историски меѓу двете држави се воделе многу војни. Постои ли до денес историски недоверба на страните во однос на едната на другата?

Е.Б .: Руско-турската војна е значаен дел од историјата на двете земји. На пример во рускиот печат за посетата на турската фудбалска репрезентација може да напишат „Дојдоа Јаничарите“. При тоа за Турците Јаничарите се чисто историска појава, без каква и да било емоционална обоеност. Историска недоверба безусловно постои.

Не е тајна дека односите помеѓу Русија и Турција беа целосно под влијание на блиските пријателски односите меѓу лидерите на двете држави - Путин и Ердоган. Според вас ќе успее ли да се надмине сегашната криза? Дали односите меѓу двајцата претседатели ќе успеат да бидат како претходно или недовербата ќе се задржи?

Е.Б .: Односите меѓу двајцата претседатели, претпоставувам, никогаш нема да бидат како претходно. Притоа Путин и Ердоган се прагматици, земјите си се потребни една на друга, па затоа и обновувањето на односите оди доволно брзо.

Како се однесува рускиот елита кон Турција и Турците? Турците пишуваа многу за специјално разгорување на антитурско расположение кај руската елита и во медиумите. Божем зад овие чувства стојат ерменското и еврејското лоби во Русија. Што мислите за ова? Има ли причина за ваквите претпоставки или тоа се празни обвинувања?

Е.Б .: Руската елита е комплицирана појава и постоење во неа на значителна група Ерменци и Евреи е несомнено. Некои Ерменци навистина заземаат нагло антитурска позиција. Тие и сега водат активна пропаганда за потребата од расипување на односите со Турција, и дека тоа се важни интереси на самата Русија.

Во Германија живее најголемата турска дијаспора во светот и раководството на Турција го зема тоа предвид, се труди да работи активно со турската заедница во Германија, што често доведува до конфликтни ситуации со германските власти. Го користи ли Анкара влијанието што го има врз турската дијаспора во Русија? Ако да, тогаш со какви средства таа го постигнува тоа? Ефикасна ли е оваа работа?

Е.Б .: Турската дијаспора во Русија не е голема, значителен дел од неа претставуваат членови на мешани бракови, луѓе кои останале во Русија по неколку години работа со договори. Многу голем дел од нив се од опозицијата на Ердоган. Претпоставувам, ако Анкара им влијание врз турската дијаспора во Русија, тогаш тоа е крајно незначителен фактор во билатералните односи.

Истото прашање и за руската дијаспора во Турција. Каква работа спроведува Русија со сонародниците таму? Спроведува ли е некаква активност со руската дијаспора за време на кризата во односите меѓу Русија и Турција?

Е.Б .: Руската дијаспора во Турција исто така не е голема, голем дел од неа се исто така членови на мешани семејства. Русија воопшто работи слабо со своите дијаспори, тоа практично е неискористен ресурс. За време на кризата Русите во Турција правеа голем број „пријателски вечери“ и слични настани.

И последното прашање. За турскиот народи во Русија и за руските муслимани. Која е нивната улога во односите со Турција?

Е.Б .: Турција се обидува да работи активно со турскиот народи во Русија, таа има одредени успеси во оваа компонента, особено во Татарстан, каде што таа доби завидно економско влијание. Голем број руски Турци имаат стекнато образование во Турција. Тие, се разбира, се поддржувачи на развојот на билатералните односи, но не би се зафатил да ја оценувам нивната „лојалност“ кон Турција.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња