Путин назначи луѓе од безбедноста на клучни позиции

Михаил Климентјев / РИА Новости
Минатата недела имаше бран од оставки во органите на руската власт. Само во еден ден беа сменети неколку ополномоштени претставници во федералните окрузи, губернатори и чиновници во владата.

На 28 јули беше испратен во пензија шефот на Федералната царинска служба (ФТС) Андреј Бељанинов. Своите позиции ги загубија тројца ополномоштени претставници на претседателот во федералните окрузи: Сергеј Меликов од Северокавкаскиот округ, Кримскиот ополномоштен претставник Олег Белавенцев и неговиот сибирски колега Николај Рогожкин. Покрај тоа Кримскиот округот беше укинат и влезе во составот на Јужниот.

Од своите позиции беа лишени и четворица губернатори: Сергеј Мењајло од Севастопољ, Николај Куцанов од Калининград, Сергеј Јастребов од Јарослављ и обвинетиот за корупција губернатор на Киров Никита Белих „поради губење на довербата“. Покрај нив без својата позиција остана и амбасадорот на Русија во Украина Михаил Зурабов.

Шефот на Федералната царинска служба Бељанинов е сведок во крупно кривично дело за шверц на алкохол, а сликите од претресот на неговиот дом од соработници на ФСБ станаа централна тема на федералните медиуми. На негово место е назначен поранешниот ополномоштен претставник на претседателот во северозападниот федерален округ Владимир Булавин. Тој е поранешен вработен на КГБ, бил заменик директор на ФСБ, директор на Националниот антитерористички комитет на РФ, прв заменик-секретар на Советот за безбедност.

Унапредување доби и ополномоштениот претставник во Североавкаскиот федерален округ Сергеј Меликов, кој стана заменик-директор на Националната гарда на Русија. Според информации на весникот Газета.Ru за оваа промена се знаело одамна и таа се толкува како потребна за засилување и за балансирање на позицијата на директорот на Националната гарда Виктор Золотов, поранешен началник на Службата за безбедност на претседателот на Русија. Националната гарда беше формирана оваа година како силниот суперресор на основа на внатрешните сили, на ОМОН, на СОБР, внатрешноресорната обезбедување, со учество на воздухопловни делови и лиценцирана дозвола на Министерството за внатрешни работи на Русија.

Двајца од четворицата губернатори во оставка - Сергеј Мењајло од Севастопољ и Николај Цуканов од Калининград, добија од рокадите, откако станаа полномошни претставници на претседателот: Мењајло - во Сибирски округот, а Цуканов - во Севернокавкаскиот федерален округ. Само поранешниот губернатор на Јарославската област Сергеј Јастребов остана без работа - неговото место го зазеде поранешниот кадар на КГБ и на ФСО и поранешен заменик-министер за внатрешни работи Дмитриј Миронов.

Позицијата на Мењајло беше заземена од заменик-министерот за индустрија и трговија Дмитриј Овсјаников. Наместо Цуканов во Калининградската област се смести началникот на регионалната ФСБ Евгениј Зиничев.

Крим стана дел од континентална Русија

Гласовите за оставката на губернаторот на Севастопољ Сергеј Мењајло се појавија уште во април. Јавниот конфликт меѓу Мењајло и „народниот градоначалник“ Алексеј Чалиj трае веќе една година и силно ги вознемири федералните власти.

„Ова е обид да се реши конфликтот во Севастопољ помеѓу Мењајло и Чалиj: на страната на Мењајло беше Алавенцев [ополномоштен претставник на претседателот во Крим], а сега тоа веќе не е актуелно, бидејќи тој беше испратен како ополномоштен претставник во Северокавкаскиот округот, - вели политикологот Алексеј Макаркин. - Конфликтот Мењајло-Чалиj немаше само личен карактер: зад него имаше спор за парадигмата на понатамошниот развој на Крим како бастион на Министерството за одбрана на Русија или како иновативен современ кластер“.

Тоа што Кримскиот округот беше споен со Јужниот, е добар знак, сметаат експертите. „Од геополитичка гледна точка Крим станува дел од континентална Русија и тој веќе не може да биде виден како посебен залак, - вели експертот Игор Рјабов. - Второ, сите процеси на интеграција ќе се одвиваат побрзо. Така Крим ќе треба да биде впишан во стратегијата за развој на Јужна Русија“.

Потпирање врз безбедносните сили

Назначувањето за гувернер на Јарославската област на поранешниот заменик-министер на Министерството за внатрешни работи на РФ Дмитриј Миронов го потврди трендот на назначување на луѓе од безбедносните сили во проблематичните региони. Овој тренд се појави кога прв човек на Тулската област стана заменик-министерот за одбрана Алексеј Дјумин.

Како резултат на сите промени само тројца претставници на безбедносните сили - Булавин, Миронов и Зиничев - добија високи позиции.

„Путин е близок до луѓето од безбедносните органи, тие се поконтактибилни за федералниот центар, подобро ја разбираат хиерархијата и вертикалата. А, цивилите често започнуваат да се конфронтираат со центарот, се обидуваат да создадат свое наследство. Зголемувањето на улогата на припадниците на безбедносните сили е поврзано со напорите да се подобри внатрешната безбедност, се подготвува нова конфигурација на власта“, смета политикологот Николај Миронов.

Политикологот Станислав Белковски го поврза назначувањата на лицата од безбедносните служби кои се лично предадени на претседателот, со стравувањата на Кремљ од „дворски преврати“.

Алексеј Пожалов, директор на Кремљскиот фонд за истражување на Блискиот Исток, смета дека пакетот на променетите фигури ќе се зголемува. „Постоеше стекнат потенцијал на видливи кадровски решенија кои повлекоа со себе други кадровски решенија. Нашиот претседател презема пакет-решенија и не само во поглед на конкретни личности, туку и со земање предвид на ефикасноста на владејачките вертикали“.

Покрај тоа Макаркин претпоставува дека промените се поврзани со многу сериозни процеси во безбедносната елита. „Прегрупирањето е поврзано со ФСО и ФСБ: луѓе од ФСО кои работеле во други федерални агенции, одат во регионите, како Миронов и Дјумин. И Меликов од Северокавкаскиот федерален регион оди кај Золотов. Тоа што се очекуваше одамна, во Националната гарда се појави уште еден влијателен генерал, но не е ривал на Золотов. Претставниците на ФСО и ФСБ добиваат влијание во други структури на власта, што доведува до зголемување на овој дел од безбедносното „крило“. Еден од оние што најмногу добија од овие промени е Николај Патрушев - токму неговото протеже од Советот за безбедност Булавин ја презеде функцијата шеф на Федералната царинска служба“, објаснува експертот.

Со еден збор, може да се каже дека постои тренд за засилување на ФСБ и ФСО. Претходно „губитник“ од безбедносните служби стана Виктор Иванов, а неодамнешните апсења на високи функционери во Истражниот комитет покажа дека овие сектори заостануваат зад ФСБ според своите резултати. Последните промени уште повеќе го зголемија дисбалансот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња