Хобијата на руските политичари

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, трет оддесно, на сплав на регионалниот центар за пловење со сплав Бела вода во Окуловка, Новгородска област.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, трет оддесно, на сплав на регионалниот центар за пловење со сплав Бела вода во Окуловка, Новгородска област.

Константин Чалабов / РИА „Новости“
Неодамна беше обелоденето дека во слободно време рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се занимава со сликарство. Кои се хобијата на руските политичари?

1. Сергеј Шојгу, министер за одбрана

Првиот човек на Република Тува Шолбан Кара-оол на 14 јули на својот профил на социјалната мрежа ВКонтакте објави фотографии од Сергеј Шојгу како ги слика локалните пејзажи во градот Чадан. „Големите луѓе се талентирани за сè! Ретки моменти на одмор на Старешината во својата мала татковина. Јули 2016 година. Тува“, ставил потпис Кара-оол. Министерот за одбрана црта акварели и со задоволство се зафаќа со платното во слободно време. 

Извор: VK.COM

2. Владимир Путин, претседател

Путин го сака спортот, игра хокеј, скија, но неговата најголема страст се источните боречки спортови. Тој почнал да тренира самбо и џудо кога имал 11 години. Денес тој не само што е мајстор по овие два вида боречки спортови, туку е и претседател на Европскиот сојуз во џудо. Освен тоа, во 2010 година тој доби и степен доктор во областа на џудо на универзитетот Јонин (Јужна Кореја).

Освен тоа, Владимир Путин сака и риболов, јавање и рафтинг.

Извор: Алексеј Никољски / ТАСС

 

3. Сергеј Лавров, министер за надворешни работи

Уште еден љубител на рафтингот е и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Од 2007 до 2009 година тој беше и раководител на Федерацијата на слалом на диви води на Русија. Љубовта кон водните спортови кај министерот се појавила уште за време на неговите студии на Московскиот државен институт за меѓународни односи. Секоја година за време на годишниот одмор министерот заминува да ги покорува планинските реки. Најмногу го привлекуваат водите на Алтај. „Чест на Горни Алтај одам по неколку дена, што ми дава можност буквално да одморам со душа“, изјави во 2015 година Лавров за локалниот весник „Звезда Алтаја“.

Освен со рафтинг, министерот Лавров се занимава и со свирење гитара и пишување стихови.

4. Дмитриј Медведев, премиер

Рускиот премиер почнал да се интересира за фотографијата уште како пионер, но започнал да се занимава „веќе во позрела возраст, некаде по 30 година“, како што вели тој.

„Сакам да фотографирам и пејзажи, и архитектура и, секако, најмногу сакам да фотографирам луѓе“, вели Медведев. „Но, искрено, многу ми е тешко да фотографирам луѓе зашто поради мојата работа би изгледало чудно доколку во некој момент отрчам со фотоапаратот и почнам да фотографирам. Се плашам дека луѓето нема да ме разберат“.

Своите фотографии Дмитриј Медведев ги објавува на Инстаграм каде го следат повеќе од 2 милиони луѓе. Освен тоа, во 2010 година премиерот зеде учество на изложбата на фотографии „Светот во очите на Русите“, а една од неговите работи веднаш беше продадена на аукцијата во Санкт Петербург за 51 милион рубли (775.774 американски долари).

Извор: Дмитриј Астахов / РИА „Новости“

 

5. Владислав Сурков, помошник на претседателот

Сурков пишува стихови, компонира и свири на гитара, пишува ТАСС. За љубовта на политичарот кон музиката раскажува и поранешниот член на популарната руска рок-група „Агата Кристи“ Вадим Самојлов во интервју со водителката Ксенија Собчак на телевизијата „Дожд“. Самојлов зборува за развојот на „творечката дружба“ со познатиот политичар, која резултирала со два албума со стихови на Сурков: Полуострови (2003) и Полуострови 2 (2006).

Извор: Валериј Шарифулин / ТАСС

6. Ирина Хакамада, политичарка, член на Советот на Партијата на порастот

Ирина Хакамада е поранешен пратеник во Државната дума (1993-2003), копретседател на партијата Сојуз на десни сили (1999 – 2003), кандидат за претседател на РФ (2004). Во слободно време Хакамада сака да црта хиероглифи. Можеби за тоа се „виновни“ нејзините источни корени – нејзиниот татко е од Јапонија.

Таа смета дека не постои подобар начин да се оттргнеш од работата од правењето нешто со сопствени раце. „Кога правиш нешто со своите раце, тогаш се исклучуваш и, навистина, можеш да си дојдеш на себе“. Според Ирина, калиграфијата многу ѝ помага во тоа.

Извор: Сергеј Бељаков / ТАСС

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња