Медиум: Зошто санкциите на Обама повеќе им штетат на САД отколку на Русија

Поради влошувањето на односите со Русија, Америка ќе изгуби повеќе отколку што ќе добие, затоа што политичките конфликти ја нарушуваат ефикасната соработка меѓу двете земји во борбата против тероризмот, пишува „Национален Интерес“(The National Interest).

Потезите на Обама во последните денови од неговиот мандат се насочени не толку кон заштитата на интересите на земјата, колку што имаат за цел да му го отежнат животот на неговиот наследник во Белата куќа Доналд Трамп и, на крајот на краиштата, да им наштетат на САД, пишува „Национален Интерес“.

Според Обама, хакерските напади се запрени. Претседателот на САД не наведе никакви докази дека тие влијаеле на изборните резултати. Затоа, не постои никаква основа за тврдењето дека наводното мешање на Русија било значајно, пишува магазинот. Во овој случај немаше никаква потреба да се брза со санкции, можеа да се почекаат резултатите од истрагата и Трамп ќе можеше да го реши ова прашање.

И ако се претпостави дека наводното руско вмешување било сериозно, преземените мерки од страна на Обама повторно не можат да се наречат пропорционални. Протерувањето на 35 руски дипломати од земјата и воведување на санкции против офицери на ФСБ и ГРУ тешко дека можат многу да ѝ наштетат на Русија или да извршат влијание врз неа. Високите руски разузнавачи нема да патуваат за САД, уште помалку ќе купуваат недвижен имот таму, истакнуваат авторите. Затоа санкциите наметнати од страна на Обама се само симболична акција.

Во однос на забраната за пристап до викендичките на дипломатското претставништво во Њујорк и амбасадата во Вашингтон за руските дипломати, тоа е мерка која во времето на Роналд Реган му ја предлагаа неговите советници во 1983 година, кога над Советскиот Сојуз беше соборен над јужнокорејскиот „Боинг“. Тогаш Реган го отфрли овој предлог, бидејќи тоа изгледаше како ситничарење кое никако не би влијаело на советската политика. Но, она што за Реган беше ситничаво, Обама го смета за соодветно.

Покрај тоа, поради влошувањето на односите со Русија, Америка ќе изгуби повеќе, затоа политичките конфликти ја нарушуваат ефикасната соработка меѓу двете земји во борбата против тероризмот. На тој начин потезите на Обама ги загрозуваат животите на американските граѓани, а не ѝ носат никаква политичка предност на земјата, сметаат авторите на статијата.

Ситничавата пресметка со политичките противници веројатно ќе им нанесе штета на националните интереси на САД и го претставува во многу лошо светло американскиот претседател Барак Обама, што беше истакнато од воздржаната реакција на Владимир Путин, заклучува „Национален Интерес“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња