Извор: Константин Завражин / Росијскаја газета
Во петокот на 6 февруари во посета на Москва допатуваа Ангела Меркел и Франсоа Оланд. Од она што беше најавено за денот на посетата во Москва од страна на двајцата европски лидери многумина очекуваа напредок во делот на регулирањето на кризата на истокот од Украина. Сепак, по средбата во Кремљ беше соопштено само дека заклучоците од преговорите на Владимир Путин со Анегла Меркел и Франсоа Оланд ќе бидат соопштени во недела на 8 февруари, за време на телефонскиот разговор во „нормандискиот формат“ (Русија, Германија, Франција и Украина).
Според порт-паролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, „во моментов во тек е работата над подготовката на текстот за можниот заеднички документ за имплементација на минските спогодби“. Овој документ во себе ги вклучува предлозите на сите учесници од средбата во „нормандискиот формат“.
Песков ги нарече преговорите во Кремљ „конструктивни и содржајни“. Со истата оценка излегоа и претставниците на шефовите на Германија и на Франција.
Блиц-посета
Веста за доаѓањето во руската престолнина на лидерите на Германија и на Франција беше дочекана со изненадување. Всушност, изненадување беше и посетата на Меркел и Оланд на 5 февруари на Киев, што се совпадна со посетата на државниот секретар со САД Џон Кери на украинската престолнина. Во Киев Оланд и Меркел имаа петчасовни преговори со претседателот на Украина Петро Порошенко.
Наспроти своите блиц-посети европските лидери не даваа коментари за суштината на својата мировна иницијатива. Франсоа Оланд даде на знаење дека тој и канцеларот не заминуваат на разгледување на постоечките документи, туку да предложат нов план за решавање на кризата. Притоа тој уточни дека во основата на планот се наоѓа принципот на територијален интегритет на Украина.
Минските спогодби беа потпишани во главниот град на Белорусија на 5 и на 19 септември. Тие предвидуваат прекинување на огнот, повлекување на тешката техника, одобрување од страна на Киев на закон за посебен статус на Донбас, вклучувајќи амнестија за бунтовниците, а исто така и создавање на група за мониторинг која ќе го набљудува придржувањето кон режимот на прекинување на воените дејствија.
По преговорите во Киев лидерите на Германија, на Франција и на Украина исто така не ја појаснија содржината на новата иницијатива. Во исто време од Киев дојде изјава на помошникот на Петро Порошенко Валериј Чали за тоа дека предлозите за кои се разговарале не биле „планот на Путин“, туку „творба на заеднички напори на страните со видувања за имплементација на минските договори’. Работата е во тоа што во американските медиуми се појави информација за тоа дека посетата на Меркел и Оланд претставува реакција на предлогот што претходно го беше дал претседателот Путин. Според информациите на медиумите, Путин предложил да се признаат линиите на поделба на страните онака како што денес стои ситуацијата (по успешната офанзива на бунтовниците), а исто така и да се добие поголема автономија од страна на Киев за немирниот исток. Според податоците на „Комерсант“ во изјавата на рускиот лидер станувало збор и за испраќање миротворци помеѓу спротивставените страни.
Тешкотиите на долгорочното разрешување
Како што претпоставува авторитетниот експерт за меѓународни односи Тимофеј Бородачов, посетите на шефовите на Германија и на Франција сведочат за нивниот сериозен однос кон преговорите. Според мислењето на аналитичарот постојат големи шанси европските лидери да успеа да извршат притисок врз Киев, со цел да се прифатат предлозите што ги задоволуваат Русија и Европа.
Како што забележува експертот на Центарот за европски истражувања на Вишата школа за економија Максим Братевски, високата дипломатија на европските лидери може да донесе свои резултати. Според него може да се дојде и до договор во врска со линиите на разделување, и за миротворците. Притоа експертот забележува дека е многу посложено да се дојде до долгорочно разрешување на конфликтот – ќе ги признае ли Киев самопрогласените републики на истокот и каква ќе биде формата на државното устројство на Украина (ќе стане ли таа федерација или ќе остане унитарна земја).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче