Русија остана без „Мистралите“

Извор: Григориј Сисоев / РИА Новости

Извор: Григориј Сисоев / РИА Новости

Претседателот на Франција Франсоа Оланд постави вето на испораката на носачите на хеликоптери „Мистрал“ за Русија. Иако замрзнувањето сè уште не значи крајна одлука, најверојатно Русија нема да ги добие бродовите, претпоставуваат воените специјалисти. Прашањето за компензација ќе се разгледува во Меѓународниот арбитражен суд, а сумата може да биде помала од онаа на која смета Москва.

Оланд го замрзна предавањето на првиот, веќе изграден, брод „Владивосток“ на руската страна, соопшти на 25 ноември агенцијата AFP, повикувајќи се на премиерот на земјата. Бродовите нема да добијат лиценца за извоз за производ со воена намена, без која бродот не може да ѝ биде предаден на Русија. 

Според договорот кој беше склучен помеѓу тогашниот претседател на Русија Дмитриј Медведев и неговиот колега Николај Саркози, Франција се обврза да произведе за Русија два носачи на хеликоптери „Мистрал“, кои веќе ги добија називите „Владивосток“ и „Севастопољ“. Договорот тежи 1.2 милијарди евра, а ветото од страна на претседателот беше ставено на првиот од двата брода. 

Договорот за испорака на „Мистралите“ беше прв голем договор со блокот НАТО за испорака на оружје, склучен по завршувањето на студената војна. Треба да се одбележи дека зделката за „Мистралите“, која беше направена за време на претходниот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков, беше критикувана од страна на воените експерти.

Претставниците на НАТО, а исто така и влијателни американски конгресмени се залагаа против предавањето на „Мистрал“ поради тоа што, според нив, Русија е виновна за ескалацијата на конфликтот во Украина. Беа искажани и претпоставки за набавка на бродот за потребите на алијансата, сепак тоа е технолошки невозможно, со оглед на тоа дека бродот е адаптиран за воените потреби на Русија. 

Во случај Франција да не го исполни договорот, тоа може да ја чини 3 милијарди евра, тврди руската страна. Заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов веќе изјави дека Москва е подготвена „трпеливо да ги чека“ бродовите, но може да поднесе и тужба во Стокхолмскиот арбитражен суд. Засега е нејасно дали судот ќе ја земе предвид кризата во Украина како „вис мајор“, што му дава право на Париз да се откаже од зделката со Русија. 

Според доцентот на катедрата за меѓународно право на Московскиот државен институт за меѓународни односи Иљја Рачков ваквиот „вис мајор“ можат да важат за Франција во случај доколку во оваа земјата постојат воени дејствија – тоа е она на кое таа може да се повика. Експертот потсети на една ситуација кога претседателот на Русија Дмитриј Медведев забрани испорака на комплексите С-300 за Иран во врска со резолуцијата на Советот за безбедност на ООН, по што Техеран го тужеше производителот на комплексот „Рособоронекспорт“ во меѓународниот суд во Женева. 

Заменик-министерот за одбрана на РФ Јуриј Борисов потврди дека Русија ќе му се обрати на судот доколку Франција не ги исполни обврските според договорот. 

Според мислењето на заменикот на главниот уредник на Интернет-изданието „Еженедељни журнал“, воениот експерт Александар Гољц, решението на францускиот претседател всушност значи дека „бродовите никогаш нема да бидат предадени на Русија“. „Нивната испорака е поврзана со кардиналната промена на позицијата на Русија во врска со Украина. Очигледно е дека Русија нема намера во блиска иднина да го менува својот приод. Тоа значи дека нема да бидат создадени никакви услови за испорака на 'Мистралите'“, претпоставува Гољц. 

Според Гољц „руските медиуми и експертите претерано ја преувеличуваат големината на казните и на пеналите. Зделката најверојатно била осигурена и преосигурена. Секако дека Франција ќе поднесе извесни трошоци, но тие нема да бидат огромни“.  

Нивната испорака е поврзана со кардиналната промена на позицијата на Русија во врска со Украина. Очигледно е дека Русија нема намера во блиска иднина да го менува својот приод. Тоа значи дека нема да бидат создадени никакви услови за испорака на 'Мистралите.

Александар Гољц
Воен експерт

Во исто време, доколку договорот е раскинат, може да влијае врз репутацијата на Франција како на крупен играч на пазарот за вооружување, а исто така и да влијае на односите со Русија. За предавањето на „Мистралите“ се залага поранешниот претседател на Франција Саркози, кој во средината на ноември изјави дека Франција треба да си го одржи зборот и да ги испорача бродовите. 

Од своја страна, првиот човек на комитетот за меѓународни работи на Државната дума Алексеј Пушков за новинската агенција РИА Новости изјави дека со запирањето, а не со целосно запирање на зделката за „Мистралите“, Франција „се обидува да најде“ баланс помеѓу своето членство во Европската Унија и НАТО и врските со Русија. Притоа Пушков смета дека одлуката на францускиот претседател „времена и некатегорична“. 

„Франција ќе мора да направи избор во една или во друга насока. Друга работа е што можеби претседателот на Франција смета дека по извесно време за ваквата одлука ќе се појават подобри услови“. 

Во исто време други пратеници на Думата веќе излегоа со првите, мошне егзотични, предлози за тоа како „да се казни“ Париз. „Ајде да забраниме продажба на француско вино во Русија, предложи во програмата на РСН членот на комитетот за одбрана на Думата Владимир Бессонов. – Дури и само разговорот за тоа може да доведе до посакуваните резултати“.  

Договорот за испорака на „Мистралите“ беше прв голем договор со блокот НАТО за испорака на оружје, склучен по завршувањето на студената војна. Треба да се одбележи дека зделката за „Мистралите“, која беше направена за време на претходниот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков, беше критикувана од страна на воените експерти. Тие сметаа дека Русија самата може да изгради вакви бродови, а исто така забележуваа дека Французите немаат намера на Русија да ѝ ја предадат технологијата. 

Во случај „Мистралите“ да не бидат испорачани, ова нема да биде првиот неуспех поврзан со обид за нарачка на воен брод од Западот. 

Во 1937 година советската влада се обидувала да нарача од САД проект на моќен линиски брод. Иако советските дипломати успеаја дури и да се сретнат и да дискутираат во врска со ова прашање со претседателот на САД Франклин Рузвелт, резултати немаше. САД предложија да произведат за СССР брод од застарен тип, но овој предлог беше одбиен од советскиот воен ресор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња