Москва реагира на активирањето на американскиот систем за ПРО во Романија

Распоредувањето на системот за противракетна обрана до границите на Русија, несомнено, претставува закана за земјата, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Од самиот почеток на оваа приказна ние зборувавме дека, според мислењето на експертите, и ние сме убедени во тоа, несомнено, распоредувањето на системот за ПРО реално претставува закана за безбедноста на Русија“, изјави Песков, пренесува „Взгљад“.

Песков потсети дека претседателот на РФ Владимир Путин „повеќепати го поставуваше прашањето – против кого работи или ќе работи тој систем“.

Наведениот систем од самиот почеток „сосема обратно“ се објаснуваше со закана од ракетни напади која потенцијално може да доаѓа од Иран, и тие изјави се слушаа на разни самити на НАТО, од Вашингтон и од европски функционери, додаде Песков.

И Министерството за надворешни работи на Русија преку својот портпарол Марија Захарова реагираше на активирањето на американскиот ПРО-систем „Ајги“ во Романија.

„Долги години Русија многупати укажуваше на ризиците за стратешката стабилност. Предлагавме тесна соработка сѐ до создавање на архитектурата на НАТО (за безбедност) по принципот на сектори која би можела реално да го заштити регионот од надворешни ризици“, ги пренесува нејзините зборови ТАСС.

„Продолжуваме да ја гледаме деструктивната работа на САД и нивните сојузници во сферата на ПРО како директна закана за меѓународната и регионална безбедност и стабилност. Со самото тоа суштински се усложнува стратешката ситуација во Европа“, додаде Захарова.

„Изведуваме соодветни заклучоци, вклучително и од гледна точна на мерки на одговор од воено-технички карактер“, потенцираше дипломатот.

Во четвртокот се одржува церемонија за потврда на оперативната готовност на американскиот систем за ПРО Aegis Ashore во местото Девеселу во Романија. Во петок, 13 мај, ќе се одржи церемонија за пуштање во работа на ист таков систем за ПРО во Полска.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња