Постојаните претставници на земјите-членки на Европската унија на седницата во Брисел во средата, 7 септември, донесоа одлука да ја продолжат за уште половина година важноста на санкциите против граѓани и компании во Русија и во самопрогласените републики на Донбас, соопштува „Ројтерс“.
Забраната за влез во ЕУ и замрзнување на активите на 146 физички лица и 37 организации истекуваа на 15 септември. Согласно донесената одлука, мерките на ограничување се продолжуваат до 15 март 2017 година. Меѓутоа истите ќе стапат на сила по донесувањето од страна на Советот на ЕУ и објавувањето во службениот весник на унијата.
Основните економски санкции на ЕУ против Русија важат до јануари 2017 година, истакнува „Рамблер Њуз Сервис“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче