„Калашников” ги претстави најновите снајперски пушки

Станува збор за прототипи на два нови модели: компактната автоматска снајперска пушка СВК и перспективната далекустрелна снајперска пушка ВСВ-338.

Концернот „Калашников“ на денеска отворениот саем „Армија 2016“ првпат ги претстави пробните модели на најновите снајперски пушки СВК и ВСВ-338, соопшти прес-службата на концернот.

Компактната автоматска снајперска пушка СВК, која е проектирана во согласност со желбите на активните снајперисти на специјалните сили на РФ, е изработена во две верзии: за рускиот куршум 7.62×54R (снајперска верзија) и за најпопуларниот на светот куршум за снајперски пушки 7.62×51 НАТО, пренесува РИА „Новости”.

Во тек е фабричко испитување на прототипот на новата пушка. Таа во иднина би требало да ја замени снајперската пушка „Драгунов СВД“.

Втората пушка е перспективната далекометна снајперска пушка ВСВ-338 за куршумот 338 „Лапуа Магнум“ (Lapua Magnum). Наменета е за воени и полициски снајперисти во сите временски услови за гаѓање на растојание до 1,5 километри.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња