Конфронтативните мерки на НАТО во однос на Русија задолжително ќе добијат воено-технички одговор, изјави постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко во интервју за „Комерсант“ во предвечерието на самитот на Северноатлантската алијанса што ќе се одржи во Варшава на 8 и 9 јули.
„Нам ни предлагаат конфронтативна агенда за каква ние воопшто не сме заинтересирани. НАТО треба да сфати дека од воено гледиште сите тие мерки ќе имаат само спротивен ефект. Затоа што за сите разумни луѓе (уште повеќе за воените претставници) е очигледно дека од наша страна задолжително ќе има воено-технички одговор“, истакна Грушко. Според него, Русија ќе преземе „сѐ што е потребно за сигурно да ја обезбеди својата одбранбена способност“.
Постојаниот претставник исто така потенцираше дека дејствијата на НАТО во Источна Европа „несомнено ја влошуваат ситуацијата“. „Во суштина, се работи за тоа што, користејќи воени средства (на пример, ротација на војници и маневри од големи размери), се трудат да создадат на континентот нови линии на разграничување, да ја спречат реализацијата на проектот за голема Европа и да ја зголемат зависноста на европските земји од САД“, изјави Грушко.
Тој истакна дека НАТО, зголемувајќи ја воената активност во близина на руските граници, ја поткопува довербата меѓу земјите. „Фундаменталниот проблем е во тоа што никакви нашминкани мерки на доверба нема да можат кардинално да ги сменат негативните тенденции во сферата на воената безбедност. Единствено откажувањето на НАТО од сегашната политика и воената изградба во духот на одвраќање од времето на студената војна може кардинално да ја поправи ситуацијата и да создаде предуслови за започнување разговор за мерките на доверба“, изјави Грушко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче