Во 71 субјект на Руската Федерација службата за вработување има регистрирано 36.000 граѓани кои морале да ја напуштат територијата на Украина и на кои им е потребна помош во барањето работа. Извор: Михаил Мордасов.
Минатата недела во Државната дума беше донесен нацрт-закон за поедноставување на постапката за добивање на статус на бегалец за украинските државјани кои се дојдени поради „вонредната ситуација која може да ги загрози нивните животи“.
Авторите на иницијативата истакнаа дека е потребно „итно да се прифати комплет мери со кои Федералната миграциска служба на Русија ќе може да воведе поедноставен режим за добивање статус на бегалци за украинските државјани“.
Вработување и медицинска помош
Во Донецк има храна за уште една недела Деловите од Украина кои во моментов се опфатени со воени дејствија се наоѓаат под блокада, а тоа значи целосен колапс и глад за граѓаните. |
Како што изјавија за „Руска реч на македонски“ во Министерството за труд на Руската Федерација, во сите бегалски кампови се отворени советодавни места во врска со вработувањето. „Во 71 субјект на Руската Федерација службата за вработување има регистрирано 36.000 граѓани кои морале да ја напуштат територијата на Украина и на кои им е потребна помош во барањето работа. Од нив 18.000 се подготвени да најдат постојана работа“, изјавија во министерството.
Службата за вработување моментално има вработено 2.500 украински државјани, а од нив 1.000 имаат добиено постојано вработување. Како што истакнуваат во министерството, најголема е заинтересираноста за градежните работи.
Во врска со големиот прилив на доселеници руската влада за 2014 ја зголеми квотата за привремен престој за странци, што ќе помогне голем број доселеници да добијат работна дозвола.
Како што известува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на Министерството за здравство на Руската Федерација, за давање медицинска помош на бегалците потребни се дополнителни 100 милиони рубли.
„На сите бегалци им се дава медицинска помош, лекарите извршуваат прегледи. Откриени се 566 случаи на инфекција, од кои 108 случаи на СИДА и 77 на туберкулоза. Од сипаници се вакцинирани 19.000 лица“, се вели во извештајот.
Со сопствени очи
Дописничката на „Руска реч на македонски“ Ана Дегтјаренко беше во студентски дом на југот од Москва, каде живеат бегалци од Украина. Во моментов во таа зграда се наоѓаат 58 бегалци.
Домот се наоѓа во одделна двокатница од почетокот на 20 век. Се гледа дека домот е преполн – по ходниците и по скалите има многу возрасни и деца.
Еден маж, кој работи како домар, вели дека на бегалците пред сè им е потребна храна и облека. На бегалците им имаат дадено половина кат, кујната, туш-кабините, а веќе имаат нарачано и машина за перење. Собите во студентскиот дом се светли и чисти, но се преполни со кревети на кат.
Луѓето се собираат во кујната: си раскажуваат за своите судбини, ги разгледуваат плановите за иднина. Понекогаш од приказните ви се замрзнува крвта во вените. Сепак, тоа не се очајни луѓе, попрво би се рекло дека се полни со верба во иднината. Никој од бегалците не знае каква е ситуацијата во нивните домови, но никој не сака ни да се врати. Луѓето се многу исплашени од насилството на војниците, од сеќавањето на постојаните пукотници и на бомбардирањата. Москва им се чини како перспективна иднина.
Поголемиот дел од нив нема никаков службен статус, но сите дојденци велат дека се подготвени да останат во главниот град, да најдат нова работа и да продолжат да живеат во Москва. Некои од нив дури и успеале да најдат некоја работа или да заработат нешто.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче