Во Донбас е испорачано веќе околу 400 милиони кубни метри руски гас и испораката продолжува, изјави министерот за енергетика на РФ Александар Новак, а пренесува РИА „Новости“.
„Да, испораките продолжуваат. Не можам да ви наведам точна цифра, но се работи за околу 400 милиони кубни метри до сега“, изјави Новак одговарајќи на новинарско прашање.
Руски „Гаспром“ и украински „Нафтогас“ и понатаму водат преговори за испораките на гас во Дoнбас, изјави Новак. Според него, „Гаспром“ ѝ го пресметува на Украина вкупниот обем на испорака, но „Нафтогас“ не ги признава испораките за Донбас.
„Понатаму ова прашање ќе се решава по пат на постојните граѓанско-правни норми“, изјави Новак.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче