Извор: Ројтерс
Претседателот на Русија Владимир Путин одговараше на прашањата на граѓани и на експерти во емисија во живо. Поголемиот дел од прашањата се однесуваа на односите со Украина. Исто така прашања поврзани со веројатноста за следењето на граѓаните на РФ на рускиот лидер му постави поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден. Настанот траеше речиси четири часа, во кои Путин одговори на повеќе од 70 прашања.
За Украина и за Крим
Претседателот смета дека во Украина се случил противуставен преврат и вооружено преземање на власта. Рускиот лидер категорично ги демантираше информациите за учеството на руски воени сили на истокот од Украина. Путин смета дека е мошне важно колку што е можно побргу да биде започнат дијалог помеѓу сегашните власти на Украина и на регионите на оваа земја. Тој подвлече дека Русија секогаш била тука за Украина, нагласувајќи дека финансиската помош за земјата веќе изнесува стотина милијарди долари.
![]() |
Москва повикува на притисок врз киевските власти Постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин го повика Советот за безбедност да не допушти крвопролевање на истокот на Украина.. |
Кога станува збор за одлуките за Крим и за Севастопољ, според претседателот, решавачки бил резултатот од референдумот на полуостровот. Русија никогаш не планирала воени дејствија на Крим, а беше подготвена да гради односи во настанатата геополитичка ситуација, но таа беше принудена на акција поради реалните закани кон рускојазичното население.
„Заканите во однос на Русите, на рускојазичните беа конкретни и опипливи. Ова го побуди народот на Крим да се замисли за иднината и да ѝ се обрати на Русија за помош“, рече претседателот.
Во Севастопољ ќе биде пренесен значителен дел од бродовите на Црноморската флота од Новоросијск, изјави претседателот. И вети дека значителен број на изградба на бродовите и на нивниот ремонт ќе бидат сосредоточени и на кримските бродоградилишта.
Путин уште еднаш повтори дека Русија ја смета новата власт во Украина за нелегитимна. Без разлика на ова руската страна не се откажува од дијалог. Путин е подготвен да работи со сите учесници на изборите во Украина.
За можноста од примена на сила во Украина
Претседателот на Русија се надева дека нема да треба да го искористи правото за испраќање на војска во Украина. Ова право на шефот на државата му го даде парламентот. „Многу се надевам дека нема да морам да го искористам ова право и дека со политичко-дипломатски средства ќе успееме да ги решиме сите остри, да не кажам најостри проблеми што денес постојат во Украина“, рече Путин.
За меѓународните блокови и за соработката со Кина
Путин смета дека блоковиот систем е надживеан. НАТО беше создадена како противтежа на СССР. Советскиот сојуз престана да постои, а Северноатлантската алијанса остана. Рускиот лидер запраша против кого е сега насочена акцијата на алијансата и зошто НАТО го зголемува своето присуство на границата со Русија.
„Русија не го поставува прашањето за основање на воено-политички сојуз со Кина. Заедно со тоа, односите на доверба и на соработка со КНР се наоѓаат на беспрекорно ниво. Така руско-кинеските односи во воената сфера се со многу поголема доверба – се спроведуваат заеднички вежби.
Руско-кинеските односи ќе бидат важен фактор во светската политика и на суштински ќе влијаат на современата архитектура на меѓународните односи“, забележа претседателот.
За Алјаска
Дискутирајќи го присоединувањето на Крим кон Русија, Русите решија да покажат интерес за уште еден регион од руската историја – Алјаска. Претседателот со насмевка реагираше: „Што ќе ни е Алјаска?“ Шефот на државата потсети дека Алјаска е продадена во 19 век. „Русија е северна земја, 70% од нејзината територија е на Север и на Крајниот север. Тој исто така забележа дека за буџетот е мошне тешко да се грижиме за ваквите региони.
За гасот и за нафтата
Путин се надева на успешно разрешување на проблемите со транзитот на гас преку територијата на Украина. Рускиот лидер е убеден дека Европа не може да се откаже од испораките на гас: земјите на Европа 30-35% од својот гасен биланс го затвораат со испораки од Русија, само во Финска овој дел е 90%, а во низа други земји 60-70%.
Русија е подготвена уште еден месец да чека на долговите од Украина за гас и бара од Западот да се вклучи во процесот на регулирање, изјави рускиот лидер.
За односите со САД
Москва сака да ја врати довербата во односите со Вашингтон, изјави рускиот лидер и ги повика САД да ја ослободат светската политика од лагите и од двојните стандарди.
„Треба да се земат предвид меѓусебните интереси, да се зборува на ист јазик, да се ослободиме од меѓународната политика на двојните стандарди и од лагите и да се посвети поголемо внимание и да се даде поголемо значење на меѓународното право, а не на политиката на сила“, изјави Путин.
Прашање од Едвард Сноуден
Видеопрашање на рускиот лидер му постави и поранешниот агент на американската разузнавачка служба Едвард Сноуден, кој ја разоткри аферата со прислушувањето на граѓаните на САД. Американецот го интересираше дали Руската Федерација врши слично следење. Путин изјави дека во Русија е невозможно масовно следење како во САД. Претседателот потсети дека во Русија користењето на специјалните средства од страна на специјалните служби е строго пропишано со закон. Тоа значи дека е потребно да се добие решение од судот. „Ние не можеме да си дозволиме следење од толку големи следења, следења без контрола. Се надевам дека никогаш и нема да си дозволиме“, увери рускиот лидер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче