„Гаспром“ нема да го применува условот „земи или плати“ за Украина

„Гаспром“ испрати писмо до „Нафтогас на Украина“ во кое потврдува дека условот „земи или плати“ нема да се применува во рамките на „зимскиот пакет“ од 1 октомври 2015 до 31 март 2016 година.

„Гаспром“ во периодот на важност на новиот „зимски гасен пакет“ за Украина – од 1 октомври 2015 до 31 март 2016 година – нема да го применува спрема „Нафтогас“ условот „земи или плати“, соопшти во петокот рускиот холдинг, пренесува РИА „Новости“.

„На дваесет и четврти септември оваа година „Гаспром“ испрати до НАК „Нафтогас на Украина“ писмо со потпис на претседателот на управата Алексеј Милер. Во писмото „Гаспром“ потврдува дека нема да го применува условот „земи или плати“ од купопродажниот договор за гас од 19 јануари 2009 година во однос на испораката на руски гас во Украина во периодот од 1 октомври до 31 март 2016 година“, се вели во соопштението.

Се истакнува дека „Гаспром“ ги задржува за себе сите свои права од наведениот договор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња