ЕУ го одложи продолжувањето на антируските санкции

Следниот чекор на ЕУ по прашањето на санкциите против Русија зависи од Италијанците кои ја чекаат одлуката на премиерот на Италија Матео Ренци, изјавија дипломатски извори.

Се очекуваше дека претставниците на земјите-членки на ЕУ на состанокот во средата ќе се договорат без дискусија за продолжување за уште шест месеци на санкциите воведени против Русија поради конфликтот во Украина. Сепак, како што изјави дипломатски извор во ЕУ, „точката беше отстранета од дневниот ред“, пренесува „Вгљад“.

Според зборовите на изворот, во текот на состанокот што ќе се одржи в четврток, постојаните претставници на ЕУ, како што се очекува, ќе дискутираат за други прашања.

„Сето тоа виси… Прашањето е во тоа каде треба да се донесе одлука, некои сакаат тоа да се случи на самитот на лидери (на земјите-членки на ЕУ) идната недела“, изјави дипломатскиот извор, додавајќи дека таков став има Италија.

Изворите прецизираа дека има некаква збунетост по повод следниот потег.

„Тоа зависи од Италијанците кои ја чекаат одлуката на Ренци. Можно е тоа прашање повторно да биде покренато денеска или утре или да се префрли за средбата на министрите за надворешни работи в понеделник“, изјави еден од изворите.

Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија засега ја одложија одлуката за продолжување на економските санкции против Русија кои официјално треба да важат до 31 јануари 2016 година.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња