Пет прашања за Крим

Рускиот јазик во комуникацијата го користи 97% од жителите на Крим. Извор: Росијскаја газета.

Рускиот јазик во комуникацијата го користи 97% од жителите на Крим. Извор: Росијскаја газета.

„Руска реч на македонски“ одговара на најчестите прашања за статусот на Крим, за неговата историја и за неговите жители, потсетува на деталите од процесот со кој се нашол во составот на независна Украина и на постоечките договори за руското воено присуство на полуостровот.

Што е Крим и кому му припаѓа? 

Крим е полуостров на југот од Украина. На неговата територија се наоѓа Автономната Република Крим (која зазема поголем дел од полуостровот и има поморска граница со Русија на исток), градот Севастопољ (има посебен статус и претставува одвоена административна единица на Украина), како и мал дел од Херсонската Област. Престолнина на Автономната Република Крим е Симферопољ. 

Москва „си игра со нервите„ на Западот
Ќе реши ли сепак Владимир Путин да испрати ограничен воен контингент на територијата на Украина, дали ваквата одлука ќе придонесе за стабилизација или за дестабилизација на ситуацијата во соседната држава и какво последици може да има Русија во поглед на реакцијата на меѓународната заедница?

Колку луѓе живеат на Крим? 

Според податоците од последниот попис на населението во Украина од 2001 година на територијата на Крим живееле 2.413.228 жители. А, според податоците на Државната служба за статистика на Украина на 1 ноември 2013 година бројот на жители на Автономната Република Крим бил 1.967.119. Според тоа над 50% од населението се од руска националност, околу 24% се Украинци, а околу 12% се кримски Татари. 

Како Крим се најде во состав на Украина? 

По Руската граѓанска војна и по неколкуте смени на „белата“ и на „црвената“ власт, во 1921 година е формирана Автономната Кримска Советска Социјалистичка Република, која влезе во состав на Руската СФСР (денешна Руска Федерација). За време на Големата татковинска војна Крим четири години беше под окупација на Германија и на Романија и е ослободен од советската војска. Кримската област во 1954 година со указ на Президиумот на Врховниот Совет на СССР премина од составот на РСФСР во состав на Украинската Советска Социјалистичка Република (која до 1991 година беше дел од СССР).Така по распадот на СССР, откако Украина се стекна со независност, Крим влезе во нејзиниот состав.

Указот со кој на 19 февруари 1954 година, во времето на Никита Хрушчов, нецела година по смртта на Сталин, Крим е предаден во состав на Украинската СССР. Рускиот оригинал.

На кој јазик се зборува на Крим? 

Во Автономната Република Крим не постои поим „државен“ или „официјален“ јазик. Во практика како официјални се користат рускиот и украинскиот јазик. Според податоците на анкетата што во 2004 година ја спроведе Киевскиот меѓународен институт за социологија рускиот јазик во комуникацијата (паралелно со другите јазици) го користи апсолутното мнозинство, 97% од жителите на Крим. 

Кои руски воени единици се постојано стационирани на Крим? 

Според Големата спогодба за пријателство, соработка и партнерство, што Москва и Киев ја потпишаа во 1997 година, Русија го задржа правото на користење на севастопољската воена поморска база и на остатокот од Црноморската флота на Крим до 2017 година. 

Според Спогодбата помеѓу Украина и Руската Федерација за статусот и за условите за стационирање на Црноморската флота на Руската Федерација на територијата на Украина, во украинските територијални води и на копното може да се наоѓаат до 388 руски пловила (од кои 14 дизел-подморници). На изнајмениот аеродром во населбата Гвардејское во близина на Симферопољ и во Севастопољ можат да се наоѓаат 161 руско летало. Тоа може да се спореди со силата на воените поморски трупи на Турција. Но, Русија на Крим го нема тој број бродови и авиони. 

Спогодбата е потпишана на 20 години. Договорено е дека спогодбата автоматски ќе се продолжува на период од пет години, ако ниту една од страните писмено не ја извести другата страна за прекинување на важењето на договорот најдоцна една година пред нејзиното истекување. 

Со друг договор, кој е потпишан во април 201о година во Харков, стационирањето на Црноморската флота на Русија во Севастопољ е продолжено до 2042 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња