Многувековната историја е основа за понатамошен развој

Претседателот Иванов, министерот Попоски и абмасадорот Шчербак разгледуваат изложба за историјатот на руско-македонските димпломатски односи на приемот 27 јануари 2014 година. Извор: Aмбасада на Руската Федерација во Република Македонија

Претседателот Иванов, министерот Попоски и абмасадорот Шчербак разгледуваат изложба за историјатот на руско-македонските димпломатски односи на приемот 27 јануари 2014 година. Извор: Aмбасада на Руската Федерација во Република Македонија

По повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Руската Федерација и Република Македонија, редакцијата на „Руска реч“ разговараше со амбасадорот на РФ во Македонија н.е. Олег Николаевич Шчербак.

Во интервјуто Амбасадорот зборува за билатералните односи, соработката во полето на економијата и на туризмот, но и за традиционално добрите културни врски меѓу двете земји. 

Руска реч: На 31 јануари 2014 година Руската Федерација и Република Македонија ја одбележаа 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи. Кои се, според Вас, основните резултати на соработката меѓу двете држави во овој период? 

Амбасадорот: Почетната точка на нашиот јубилеј беше на 31 јануари 1994 година со размена на ноти меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји – Руската Федерација и Република Македонија – врз чија основа беа воспоставени дипломатските односи на ниво на амбасади. 

Руско-македонската соработка, без оглед на релативно „малата возраст“, е мошне богата со настани значајни за двете страни, што е сосема логично, зашто, имено, во овој период се формираат основите на идните односи. Значаен настан беше првата официјална посета на Претседателот на Република Македонија на Русија во јануари 1998 година, со која беа поставени основите за развојот на билатералните односи: беше потпишана руско-македонската Декларација за пријателство и соработка. На постојана основа се остваруваат контакти на највисоко и на високо ниво, активно се развиваат врските меѓу законодавните органи на двете држави, на министерствата за надворешни работи, а, исто така, и на профилните ресори и на компетентните органи, што ни овозможува да ги надминеме сите сложени работи по пат на отворен и конструктивен дијалог, кој се базира врз принципите на рамноправност, на заемно почитување и на доверба.

20 години дипломатски односи
На 31 јануари годинава се навршуваат 20 години од воспоставувањето дипломатски односи на ниво на амбасади помеѓу Руската Федерација и Република Македонија. Соодветната спогодба беше склучена со размена на ноти меѓу двете Министерства за надворешни работи.

Во моментов имаме создадено солидна договорно-правна основа, која ги опфаќа сите сфери што се од заемен интерес. Двете држави имаат потпишано повеќе од 60 билатерални договори, меѓу кои речиси 30 меѓувладини спогодби.

Многу е пријатно што со незабавено темпо од 1997 година продолжува да работи Меѓувладината руско-македонска комисија за трговско-економска и за научно-техничка соработка (МВК), која се покажа како ефикасен механизам за реализација на многу практични прашања на нашите билатерални односи. 

Во хуманистичко-културната област би сакал да го подвлечам одржувањето на Деновите на култура на Русија и Македонија во 2004-2005 година. Во септември 2010 година беа одржани Деновите на руската духовна култура во Македонија, кои го потврдија традиционалното духовно и културно-историско тежнеење еден кон друг на народите на нашите две држави. Среќен сум што ова заемно тежнеење се зацврстува од година во година. 

Многувековната историја, која нѐ поврзува нас, Русите и Македонците, како и духовните врски создаваат цврста, стабилна основа за понатамошен постепен развој на односите на соработка меѓу нашите земји. Денес тие се градат врз принципите на рамноправно, долгорочно партнерство во полза на двете земји, за што во голема мера придонесува добронамерната атмосфера на нашите односи и отсуството на какви било отворени политички проблеми. 

PP: Како би го окарактеризирале сегашното ниво на трговско-економски односи меѓу Русија и Македонија? 

A: Русија е еден од најголемите инвеститори и трговски партнери за Македонија. Економската соработка меѓу нашите земји динамично се развива. Значаен потенцијал во руско-македонската соработка постои во областите како што се енергетиката, земјоделството, регионалната соработка, малиот и средниот бизнис, туризмот. 

Висока оценка заслужува работата во Македонија на руските компании, каква што е, на пример, АД „Лукоил“, која тука создаде свој синџир бензински станици со најнапредни стандарди и со најдобро опслужување; АД „Силовие машини“, која успешно ја заврши модернизацијата на термоелектраната „Битола“; „Група Синтез“, која ја изгради и ја експлоатира турбогенераторната електрана „ТЕ-ТО“ (Скопје), чие искуство во користењето на една од најнапредните и еколошки безопасните технологии може да стане пример за понатамошен развој на слични проекти. 


Извор: Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија

Особено внимание заслужуваат прашањата на инвестициската соработка во индустријата. Со полна пареа се одвива развојот на капиталните инвестициски програми, кои се одвиваат во рударско-металуршкиот сектор на Македонија, со учество на руски капитал од компанијата „Соловеј“. Реализацијата на овие програми овозможи не само да се обнови и да се модернизира добивањето и преработката на обоени метали туку и создавање на технолошки напредно хидрометалуршко производство на катоден бакар. 

Една од забележителните руски инвестиции во Македонија е фабриката за производство на балетанки и на специјална облека „Гришко“ во Демир Хисар. Во технолошко-индустриската зона „Бунарџик“ е реализиран проект за изградба на фабрика за производство на хомеопатски препарати на руската група компании „Протек“. 

Ние придаваме големо значење и на првата македонска капитална инвестиција во Руската Федерација – изградба на фабрика на АД „Алкалоид“ за производство на лекарски препарати. 

Сметам дека значајни резерви за активирање на трговско-економската соработка меѓу нашите земји има во областа на земјоделството, каде што, безусловно, имаме што да понудиме едни на други. Освен тоа, важна компонента за понатамошен развој на економската соработка претставува зацврстувањето на врските меѓу субјектите на Руската Федерација и Република Македонија. Во последниве неколку години суштествено порасна активноста на билатералната соработка на регионално ниво. 

РР: Меѓувладината спогодба за соработка во изградбата на крак од гасоводот „Јужен тек“ за доставување гас во Македонија, која беше потпишана кон крајот на јули минатата година меѓу Москва и Скопје, постојано активно се дикутира. Колку е големо значењето на овој проект за Македонија? 

Ние тргнуваме од тоа дека реализацијата ќе помогне во зацврстувањето на соработката, која ќе биде од заемна корист и во развојот на гасниот ресор во двете земји, во зголемувањето на енергетската стабилност и безбедност на Република Македонија во долгорочна перспектива. Ако се земе предвид амбициозната програма на Владата во Скопје, може да се каже дека овој проект за Македонија е од стратегиско значење. 

Македонија зеде крак
Владата на Русија подготви спогодба со владата на Македонија за соработка во создавањето на делот од гасоводот „Јужен тек“ во земјата. Проектот пред себе има многу добри перспективи, зашто Македонија има огромна потреба од рускиот гас, а цените за него во земјата се едни од највисоките во регионот.

Реализацијата на програмата за гасификација и за приклучување на македонската гасоводна мрежа на „Јужен тек“ ќе има огромен економски ефект. Пред сѐ, станува збор за пораст на обемот на користењето на „синото гориво“ и соодветно намалување на цените на гас, кои во моментов се највисоки во Европа; создавање нови работни места и намалување на невработеноста; преминување на низа клучни индустриски и енергетски објекти на ново ниво на снабдување со енергија и суштествено намалување на цената на чинење на производите на овие претпријатија; квалитетна промена на животот на Македонците. 

Снабдувањето со гас на домаќинствата и на комуналните објекти, исто така, суштински ќе ја олесни еколошката состојба во големите населени места во Македонија (Скопје, Тетово, Куманово), каде што степенот на загаденоста на воздухот, како што можевте да се уверите и оваа зима, ја надминува нормата за десетпати. 

За руската страна приклучувањето на Македонија кон „Јужен тек“ е искачување на билатералните односи на ново ниво, кое ја зголемува можноста за доаѓање на нови инвеститори од Русија во Македонија, што од своја страна дава позитивен импулс во развојот на заемните дејства во сите сфери на билатералните односи. 

РР: Како, според Вас, се развиваат билатералните односи во културно-хуманистичката област меѓу нашите земји? Какви резултати се постигнати во последно време? 

Ние обрнуваме големо внимание на руско-македонските врски во оваа област, имајќи ја предвид длабоката културно-историска и духовна заемна врска на нашите народи. Нашата задача ја гледам во тоа максимално да го олесниме остварувањето на билатералните контакти, да ги симнеме административните бариери, да создадеме сѐ што е потребно за поедноставување на пристапот на луѓето до културното и до духовното богатство на земјите. 

Размената на искуства и знаења ќе продолжи
Кон крајот на минатата година во посета на Руската Федерација отпатува министерот за здравство на Република Македонија, Никола Тодоров. Во ексклузивно интервју за „Руска реч“ тој зборува за текот на својата посета, како и за импресиите и плановите за соработка на полето на здравствената заштита.

Благодарение на меѓувладината спогодба за соработка во областа на културата, образованието и науката, која беше потпишана уште во 1995 година, беше создадена потребната правна основа за меѓудржавна соработка во оваа сфера, постојано се склучуваат меѓувладини програми, со кои се предвидува реализирање на хуманистичка размена во најразлични формати. Последно достигнување може да се смета решението на Министерството за образование и наука на Русија за зголемување на квотите за обучување на македонските граѓани на руските универзитети за сметка на федералниот буџет за 2014 година на 30 места. 

Не толку одамна, во 2012 година, меѓу владите на нашите земји беше потпишана долгоочекуваната спогодба за заемно признавање на документите за образование и за научни степени, која што е од големо значење за младите луѓе од Македонија, кои се имаат стекнато со образование во Македонија и обратно. Овој документ, исто така, служи како дополнителен стимул за оние што се мислат каде да го продолжат своето образование. 

Големо достигнување во областа на руско-македонските културни врски стана потпишувањето на спогодбата за основање и условите за работа на културните центри во Москва и во Скопје, која беше потпишана на почетокот на 2013 година. Појавувањето на руски културно-информативен центар во Македонија сега е само прашање на време и тој ќе ја искачи нашата соработка во хуманистичката сфера на квалитативно ново ниво. 

PP: Како го оценувате потенцијалот на Република Македонија во сферата на туризмот? Какви чекори треба да се преземат за да се зголеми бројот на руски туристи во Македонија? 

Доколку зборуваме објективно, Македонија во туристичката сфера, според мене, има голема перспектива. Голем потенцијал постои во релативно новите правци на туризмот – еколошкиот, селскиот, зимскиот и бањскиот. Постоењето на голем број православни светилишта, од кои многу се наоѓаат под заштита на УНЕСКО, отвораат големи можности за духовен туризам и за аџилак, а тоа, секако, не може да не ги заинтересира руските верници. 

Владата на Македонија веќе презема определени чекори за создавање нова и обновување на постојната туристичка инфраструктура, се реализираат програми за привлекување странски туристи, меѓу кои и од Русија. Всушност, македонското политичко раководство од своја страна воведе безвизен режим за граѓаните на Русија, така што нашите граѓани сега можат поедноставно да ја посетат Македонија – потребно е само да се поседува пасош и осигурување. 

Доколку повторно се осврнеме кон работата на МВК, би сакал да одбележам дека на 7 заседание во Скопје (кое се одржа во октомври 2013 година) во врска со развојот на туризмот страните ги предложија следниве правци во работата: заемно промовирање на туристичкиот производ со посредство на создавање туристички асоцијации и/или туристички комори; постојана размена на информации за инвестиции во нови туристички проекти; активна работа на претпријатијата за учество на меѓународни туристички саеми со поддршка на државните институции што имаат компетенции во сферата на туризмот; пуштање директни авионски линии или чартер-транспорт. 

Мене лично ми се посреќи блиску да се запознам со Македонија, добив можност лично да се убедам: оваа земја има прекрасни природни пејзажи, благопријатна клима и богато духовно и културно-историско наследство.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња