По фудбалски меч во Киев извикувано „Слава му на Путин“

Толпата што излегувала од стадионот на Динамо „В.В. Лобановски“ извикувала „Слава му на Путин!“, што предизвикало шок и збунетост меѓу редовите на украинските патриоти.

Толпата што излегуваше од стадионот на Динамо „В.В. Лобановски“ по мечот меѓу Динамо и Легија од Варшава извикуваше „Слава му на Путин!“, што предизвика шок и збунетост меѓу редовите на украинските патриоти, пренесува „Рускаја весна“

По инцидентот неколку активисти на чело со „новинарот“ Андреј Ѕинзја се обидоа да го најдат изворот на сега толку провокативните извици во Киев. Откако не го најдоа, патриотите ја префрлија одговорноста на некои аморфни „латентни сепаратисти“ кои обилно го преплавија украинскиот главен град.

Реално не е многу тешко да се сфати кој викаше „Слава му на Путин“. За тоа е доволно да се спомнат последните фудбалски инциденти во Киев и Лавов и да се види чие име предизвикува најмногу омраза кај украинските навивачи

Впрочем, натпреварот заврши со резултат од 0:1 во полза на варшавска „Легија“.  

На 19 август во Киев и Лавов дојде до масовни тепачки меѓу полските и украинските навивачи. Следниот ден во Киев полските навивачи поминаа низ центарот на градот скандирајќи „Удри на бандеровците!“ што предизвика повторни судири со украинските навивачи. Еден од полските навивачи во немирите го запали знамето на Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња