Европската унија преговара со земјите кои можат да станат потенцијални извозници на производи во Русија со цел „да се избегне тој начин на заработка во новонастанатата ситуација“, изјави портпаролот на Европската комисија, Петер Сано.
„ЕУ контактира со одредени земји-партнери кои можат да станат потенцијални извозници на производите чиј увоз во Русија сега е забранет поради ембаргото од 6 август, и на тој начин да не се дозволи да заработат од новата ситуација“, изјави Сано.
Тој додаде дека во овој момент нема потреба да се зборува за деталите на дипломатските чекори, вклучувајќи ги и оние од трети земји. Претходно медиумите пренесоа, повикувајќи се на упатени извори, дека ЕУ планира да го одврати Бразил и Чиле од намерата да го зголемат извозот на производи во Русија. Русија на почетокот на август во период од една година воведе забрана на увоз на некои производи од земјите кои воведоа санкции против Русија: САД, ЕУ, Канада, Австралија и Норвешка. На списокот се најдоа говедското месо, свинското месо, овошјето и зеленчукот, живината и млечните производи. Руските власти се надеваат дека освен земјите од Латинска Америка, извозот во Русија ќе го зголемат и Белорусија, Казахстан, Египет, Швајцарија и Србија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче