Петте украински тези на Емир Кустурица

Кустурица: Во „Војна и мир“ еден од јунаците прашува кога ќе дојде Наполеон за од Русите да направи Европејци. Извор: ИТАР-ТАСС

Кустурица: Во „Војна и мир“ еден од јунаците прашува кога ќе дојде Наполеон за од Русите да направи Европејци. Извор: ИТАР-ТАСС

Режисерот и музичар Емир Кустурица допатува во Киев на гостување со својата група The No Smoking Orchestra. Имајќи ја предвид ситуацијата во Украина, во разговор со киевските новинари не може да се одбегнат прашањата за Царинската унија, за природата на геополитичкиот настап на Европската Унија, за Путин, за Европа воопшто и за класичната книжевност...

Емир Кустурица во разговор со новинар на списанието „Вести.Репортер“ искоментира пет интересни прашања.

За православието 

Пред неколку годни го примив православието. Во „рускиот свет“ слободата се сфаќа многу подлабоко одошто во Европа и во Америка. Слободата тука е прашање на духовноста. Пред 10-15 години, кога работев во Холивуд, еден Американец ме праша: „Духовност? Што значи тоа? Мислиш на она кога Црнците пеат госпел?“ 

За поддршката на Путин 

Не е важно што се зборува денес за претседателот на Русија и за неговиот режим. Јас сум уверен дека е подобар Путин кој ги води граѓаните на Русија кон благосостојба и кој води дијалог со Западот, одошто апстрактен Европеец кој ќе дојде тука, во Русија или во Украина, во вашата куќа. А, тие токму тоа и го сакаат. Ова не е првпат Европа да ги подава рацете кон вашите ресурси и кон вашата природна енергија. 

Европска или Царинска Унија? 

Сметам дека тоа не е природна дилема. Вие зборувате руски, вие сте дел од руската култура. Жителите на вашата земја се мнозинство православни. Русија во извесна смисла ги има своите корени во Киев. Во „Војна и мир“ еден од јунаците прашува кога ќе дојде Наполеон за од Русите да направи Европејци. Тоа никогаш нема да се случи. Вие веќе сте во Европа. 

За проблемите со демократијата во Украина 

Демократијата умира. Технолошката револуција ги измени човековите сфаќања. Демократијата им е потребна на оние империјалистички земји кои сакаат да го освојат светот, зашто демократијата им го овозможува тоа. Алтернатива на демократијата може да биде социјалистичката револуција, а таа кај вас е веќе во тек. Украина е демократска колку што е можно. Но, доколку Украина остане со Русија, вие за 10 години ќе бидете подемократска земја, за разлика од моментот доколку решите да ја примите наметнатата демократија од Европа.

За Европа 

Современите методи на ширење на европската територија на исток ме потсетуваат на времето кога тоа се случуваше со помош на борбените авиони и на тенковите. Поради тоа јас сум во опозиција во однос на „актуелната европска политика“, зашто таа во голема мера е дефинирана од воената политика. Цената што ќе треба да ја платите за влез во Европа, според мене, е многу висока. Крајните цели на современите европски „дизајнери“, за жал, се мошне тесно поврзани со воените задачи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња