Западни медиуми: За Западот Путин се однесува ирационално, а за Русите - нормално

Аналитичарите во весникот Los Angeles Times сметаат дека Западот треба да погледне на украинската криза преку очите на Москва.

Аналитичарите во весникот Los Angeles Times сметаат дека Западот треба да погледне на украинската криза преку очите на Москва.

Експертите сметаат дека коренот на проблемите во сегашните односи меѓу Русија и Западот треба да се бара во можното чувство на предавство кое го чувствува Москва поради распространување на зоната на влијание на НАТО во Централна и Источна Европа.

„Не само што поранешните советски републики Латвија, Естонија и Литванија стапија во НАТО, туку уште една поранешна советска република (Грузија) сака да стане член на НАТО“, пренесено е во статијата на американскиот весник.

Според мислењето на професорот Џошуа Шифринзон од Универзитетот Тексас, Западот прави грешка со тоа што не сака да ја земе предвид гледната точка на Москва околу украинската криза.

„Западот во односите со Русија ја премина ’црвената линија’. Западот ја користи Украина како инструмент. Украина е само пион во големата шаховска игра за ослабување на Русија“, пишува во статијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња