Русија може да го зголеми минималниот престој без виза за странците во земјата

Русија неодамна дозволи 72-часовен безвизен престој за странците во одредени градови во земјата.

Русија може да го зголеми рокот на безвизен престој на туристите од Европската унија на својата територија, ова го изјави Сергеј Иванов, шеф на администрацијата на претседателот на Русија.

Во моментов во Русија постои правило, според кое туристот без виза може да престојува во некои места во Русија до 72 часа.

„Не е исклучено дека во иднина ќе се решиме да го зголемиме овој период“, изјави шефот на администрацијата во Кремљ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња