Фотографијата ја објави Џеред Бејтман на неговата страница на „Фејсбук“.
Активистите на транспарентот покажаа примери за тоа што има направено Русија за светот во XX и XXI век. Тука се најде изумот на Владимир Зворикин (телевизијата), победата над нацизмот, првиот лет на човекот во вселената и ослободувањето на Сирија од терористите.
Слоганот на транспарентот е парафраза на насловот на американскиот документарен филм „Америка. Замислете го светот без неа“, пренесува „Взгљад”.
Активистите на тој начин истапија против американската теорија на ексклузивитет и потсетија дека светот без Русија би бил без големи достигнувања и победи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче