Карикатура: Наталија Михајленко
Прашањето кому му припаѓа противавионската ракета што го погоди малезискиот Боинг 777 може да се разгледува до бескрај – секоја од предложените верзии има очигледни предности и недостатоци. Но, кој стои зад она што се случи можеме да се досетиме доколку ги анализираме последиците на трагедијата, зашто уривањето на авионот во зона на воени дејствија несигурно оди во прилог на една, а нанесува штета на друга страна во конфликтот. Тргнувајќи од оваа логика, заклучокот е очигледен. Имено, доколку не постои несреќниот Боинг 777, Киев и САД како негов ментор ќе мораа да го измислат. Затоа она што се случи потсетува на провокација, слична на онаа на Балканот за време на војните што следуваа по распадот на Југославија.
Тешко е да се замисли „поповолно“ време за загинување на речиси триста странски цивили од рацете на „проруските терористи“. Најспособните борбени единици на Вооружените сили на Украина се разбиени кај Донецк, ЕУ одбива да ја следи политиката на САД во врска со санкциите против Русија, а целиот свет ги гледа последиците од вооружените напади и од бомбардирањата во градовите на Новорусија од страна на украинските војници. Единствено со „принесување сакрална жртва“ може да се постигне виновникот и невиниот да си ги заменат местата, антирускиот блок да се консолидира, Киев единствено на овој начин може да си обезбеди морално право во судирите со Луганската и со Донецката Народна Република да ги употреби сите расположливи средства, а на неговите сојузници да му дадат секаков вид помош, вклучително и воена, на Порошенко.
За аналогиите помеѓу сегашната ситуација поврзана со Украина и процесот на распад на Југославија многупати се зборувало и се пишувало. Потезите на сите страни во конфликтите се практично идентични со она како во деведесеттите години од минатиот век се однесуваа Србите, Хрватите, босанските муслимани и косовските Албанци, кои повеќе не сакаа да живеат во иста држава. Изгледа дека соборувањето на Боингот 777 кај Донецк е уште еден детаљ што ги поврзува трагедијата на јужните Словени со сегашниот судир меѓу источните Словени. Слични ситуации веќе се случуваа за време на судирите во Босна и на Косово и обично тие биле повод за САД не само да му дадат помош на сојузникот кој се нашол во неволја, туку и да применат сила против спротивната страна во конфликтот.
За аналогиите помеѓу сегашната ситуација поврзана со Украина и процесот на распад на Југославија многупати се зборувало и се пишувало. Потезите на сите страни во конфликтите се практично идентични со она како во деведесеттите години од минатиот век се однесуваа Србите, Хрватите, босанските муслимани и косовските Албанци, кои повеќе не сакаа да живеат во иста држава.
Прва провокација од ваков вид беше инцидентот на пазарот Маркале во Сараево, кој под опсада го држеа Србите. Според официјалната верзија што ја застапуваат лидерите на босанските муслимани и претставниците на САД, Маркале двапати – во февруари 1994 и во август 1995 година – беше изложен на минофрлачки оган, што доведе до загинување и ранување на повеќе десетици луѓе. Интересно е тоа што, како и во случајот со Боингот 777, Американците и Бошњаците вината ја најдоа практично моментално. И пред да бидат завршени експертизите, за виновници беа прогласени Србите, од чии позиции наводно дошле проектилите.
Бошњаците го искористија овој инцидент за да ги постигнат своите пропагандни цели (очевидците сведочат дека снимателските групи на странските телевизиски компании биле во близина на пазарот 10-15 минути пред експлозијата). Снимките на крвавите трупови и откинатите делови од телата, проследени со коментари упатени на „српските џелати“ го обиколија целиот свет. Но, последиците од второто гранатирање беа многу посериозни. Загинувањето на 37 лица и барањето на лидерите на муслиманите да се „стави крај на насилството што го спроведуваат Србите“ беа повод за почеток на првите воени операции на НАТО под назив „Мртво око“ – авионите на Алијансите во текот на 20 дена ги ракетираа и ги бомбардираа позициите на босанските Срби, кои се обидуваа да дадат отпор на големата офанзива на Бошњаците и на Хрватите, која, поради „случајност“, започна кратко време по наведените настани.
Карактеристично е што подоцна, по анализите на она што се случило, стручњаците не можеле еднозначно да потврдат од која точка се испукани проектилите, дали позициите на минофрлачките единици можеле да се наоѓаат на српската територија и дали воопшто дошло до гранатирање или станува збор за експлозивни направи кои претходно биле поставени на пазарот (на ова укажуваа специфичните видови рани кај загинатите и кај ранетите, отсуството на звукот на гранати во летот и други карактеристики). Но, прашањето „кој добива?“ не оставаше место за сомнеж кај оние што учествуваа во истрагата. За муслиманите и за САД беше од животна важност на Србите, кои држеа 70% од Босна и кои беа надмоќни во поглед на техниката и на вооружувањето, да им зададат најпрво медиумски, а потоа и воен удар, што всушност и беше направено. Токму учеството на авијацијата на НАТО, предизвикано од експлозиите во Сараево, го реши текот на конфликтот и ги принуди Србите да се согласат на поделба на земјата во однос 49 наспрема 51 на своја штета.
Истиот метод со „невини жртви“ вторпат беше применет за време на конфликтот на Косово, односно во фазата на подготовка на тогашна Југославија, која не сакаше да се согласи со условите на Вашингтон во врска со предавањето на суверенитетот над јужната покраина. Во зимата 1999 година војската и полицијата на Југославија фактички ја исчистија територијата на Косово од бандите албански сепаратисти, на тој начин што им ја прекинаа врската со базите за снабдување во клисурите на границата со Албанија. Дојде време ситуацијата да се спасува. Но потребен беше повод за да им се даде помош на Албанците. Поводот беше најден кон крајот на јануари 1999 година, кога мисијата на ОБСЕ (на чие чело, како и секогаш, „сосема случајно“, се најде кадровскиот работник на ЦИА Вилијам Вокер) стаса во селото Рачак, кое претходниот ден беше ослободено од полициските сили на Југославија. Не е тешко да се погоди дека веќе по неколку часа светот дозна дека во селото Рачак е „извршено воено злосторство“ и дека „се стрелани неколку десетици цивили“ – вака гласеше официјалниот извештај на ОБСЕ кој го имаше потпишано Вокер и кој веднаш беше разгласен низ медиумите. Ефектот беше сосема очекуван – вознемиреното „напредно човештво“ веднаш побара да се казнат „српските дивјаци“, што и беше сторено веќе во март 1999 година. Интересни детали за она што се случило во Рачак почнаа да се појавуваат неколку години подоцна. Така, финскиот форензичар Хелена Ранта во својата книга напиша дека извештајот за обдукцијата на телата на загинатите е фалсификуван на барање на Вокер. Но, фактот дека „стреланите селани“ всушност биле припадници на Ослободителната војска на Косово кои загинале во борба, повеќе никого не го интересираше. Вокер ја заврши задачата што му беше поставена.
Враќајќи се на случајот за соборениот Боинг 777, лесно можеме да видиме дека меѓу наведените балкански примери и сегашната ситуација во Украина постојат многу сличности. На Киев му е очајно потребен повод кој ќе му овозможи НАТО и САД да им дадат поддршка на Вооружените сили на Украина. На Вашингтон ми е потребно да ја стави под контрола непослушната ЕУ, а на сите заедно им е потребно за доброволците во Новорусија да создадат слика на терористи и за Русија како да е „земја што го спонзорира тероризмот“. Во која мера овие желби ќе бидат остварени ќе видиме во текот на следните неколку дена, зашто на страните во конфликтот не им остана многу време за донесување одлуки.
Текстовите во рубриката „Погледи“ се став на авторот и не секогаш ја одразуваат позицијата на редакцијата на „Руска реч на македонски“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче