Visa и MasterCard ќе останат во Русија

Извор:  PhotoXPress

Извор: PhotoXPress

Еден од најзначајните резултати на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум се успешните преговори помеѓу руските официјални лица и претставниците на Visa и на MasterCard. Како резултат на тоа, двата платежни системи остануваат во Русија, иако сè уште не е извесно под какви услови.

Одлуката е донесена 

Согласноста е постигната за време на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум на преговорите меѓу вицепремиерот Игор Шувалов и министерот за финансии Антон Силуанов со генералниот директот на Visa за Централана и за Источна Европа, Блиски Исток и Африка Камран Сидики и претседателот на MasterCard за развој на европските пазари Бела Ставчански. 

„Преговорите кои се одвиваа во рамките на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум со претставниците на меѓународните платежни системи и на руската влада, може да се каже, вродија со плод – добиено е рамковно решение, со кое Visa и MasterCard се подготвени да ја продолжат работата во нашата земја. На државата ова решение исто така ѝ одговара“, вели Антон Сороко, аналитичар на инвестицискиот холдинг „ФИНАМ“. Според него, општо, може да се каже дека ваквиот развој на настаните бил очекуван, со оглед на тоа што неколку дена пред неговото случување се појави вест за тоа дека законодавците можат да ги омекнат барањата од системите.

Се бараат алтернативи за Visa и MasterCard
Oдлуката на американските системи Visa и MasterCard да ја прекинат соработката со низа руски банки по присоединувањето на Крим, ги принуди властите повторно да се допре темата за премин на алтернативи на платежниот систем. Во Русија веќе одамна пости желба за формирање национален систем. Освен тоа, своето влијание би можело да го прошири меѓународниот кинески систем UnionPay. Имајќи предвид дека 80-90% од околу 200 милиони картички во Русија ги опслужуваат Visa и MasterCard, јасно е дека нема да им биде сеедно.

Според новиот закон, платежните системи треба да депонираат во Централната банка резервна сума во износ од дводневниот обрт во Русија. Оваа сума би требало да биде гаранција за исполнување на своите обврски. Доколку некој платежен систем одбие да ги опслужува картичките на некоја банка, ѝ се заканува казна во износ од 10% од резервната сума. Ова решение беше донесено како одговор на руските власти во врска со блокирањето на картичките на банките што влегоа во списокот на санкции од страна на САД. 

Уште пред почетокот на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум Visa изјави дека по стапувањето на сила на законот на 1 јуни таа ќе замине од Русија. Говорејќи пред инвеститорите во Бостон, извршниот директор на компанијата Чарли Шарф изјави дека платежниот систем нема да работи на рускиот пазар според новите правила. Според Чарли Шарф барањата на руските власти „се надвор од границите“ на она што компанијата е подготвена да го направи. Според оцената на Морган Стенли, ако се тргне од секојдневниот општ обрт на готовински и безготовински плаќања со картички во Русија, MasterCard ќе треба да депонира во Централната банка 1 милијарда американски долари, додека Visa речиси двапати поголема сума – 1.9 милијарди американски долари. 

„Уште пред почетокот на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум се слушнаа гласови за тоа дека ќе се организираат преговори со претставниците на меѓународните платежни системи. Се појави информација за тоа дек во Државната дума се поднесени амандмани за законот за Национален платежен систем, со кој се овозможува значително да се омекнат барањата за Visa и за MasterCard, а прашањето за гаранцискиот износ ќе биде надвор од законот“, вели главниот аналитичар на UFS IC Алексеј Козлов. Според аналитичарот на „Инвесткафе“ Михаил Кузмин, поставувањето на определена сума за гаранција е нелогична мера, со оглед на тоа дека прашањето за санкциите не зависи од меѓународните платежни системи. 

Работа во иднина 

Како што појасни од своја страна за ИТАР-ТАСС министерот за финансии Антон Силуанов, Visa и MasterCard ќе создадат во Русија структура-ќерка. Овие компании ќе бидат интегрирани во националниот платежен систем кој ќе се појави врз база на руската Централна банка. Притоа, според министерот, „процесирањето ќе се остварува внатре во Русија, нема да излегува надвор од границите на нашата земја“. На таков начин блокирањето на банкарските картички по барање на американската администрација ќе биде оневозможено. Сепак понатамошните детали од преговорите засега се нејасни. 

„Можно е на територијата на Русија да биде пренесено процесирањето на операциите, иако тој процес може да одземе многу време. Сметам дека во моменталнава ситуација меѓународните платежни системи треба да продолжат да работат во истиот формат и паралелно да создаваат ќеркински платежни системи во Русија“, вели Михаил Кузмин. 

Барањата на рускиот закон потсетуваат на ограничувањата со кои Visa и MasterCard се судрија во Турција и во Белорусија. За споредба во Турција компаниите се приклучија на процесирањето на еден од националните платежни оператори преку кои се изведуваат сите внатрешни операции со картички. Од друга страна, во Белорусија сите операции на внатрешниот пазар се спроведуваат преку системот „Белкарт“. Единствено доколку плаќањата се прават надвор од територијата на Белорусија, трансакциите минуваат ни процесирањето на меѓународната MasterCard.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња