Дворкович: Москва подготви нови мерки против Турција

Русија нема намера да се откаже од соработката со Турција, изјави вицепремиерот на РФ Аркадиј Дворкович.

Русија нема намера да се откаже од соработката со Турција, изјави вицепремиерот на РФ Аркадиј Дворкович.

Истовремено тој истакна дека премиерот на Русија Дмитриј Медведев претходно соопштил за подготовка на некои чекори во однос на Турција.

„Следната активност која ќе биде објавена веќе беше најавена на седниците од претседателот на владата“, рече Дворкович во интервју за телевизијата „Русија 24“, пренесува ТАСС.

Притоа Дворкович раскажа како ќе се градат односите со Анкара.

„Ќе се движиме континуирано по тој пат“, додаде вицепремиерот.

Истовремено Дворкович истакна дека владата „нема задача да се откаже од соработката со Турција во целост“.

„Сметаме дека е потребен адекватен одговор на непријателските постапки“, потенцираше вицепремиерот на руската влада.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња