Кој универзитет е најстариот во Русија?

Ходник во зградата на Дванаесет колегиуми

Ходник во зградата на Дванаесет колегиуми

NSmirnova (CC BY-SA 4.0)
За оваа титула се натпреваруваат два универзитети - Московскиот државен универзитет (МГУ) и Санктпетербуршкиот државен универзитет (СПбГУ).

Московскиот државен универзитет е основан во 1755 година со указ на царицата Елисавета Петровна и оттогаш работи непрекинато.

Акварел на непознат сликар. Московскиот универзитет и реката Неглинаја, лево е Црквата „Иконата на Пресвета Богородица „Знак“, 1790-тите.

Од друга страна, во постоењето на Санктпетербуршкиот државен универзитет имаше многу перипетии.

- Во 1724 година, Петар I издал указ за основање на Петербуршката (Императорска) академија на науките, а при академијата и на Академски универзитет и гимназија. На крајот на XVIII век Академскиот универзитет бил укинат, а гимназијата работела до 1803 година.

Зградата на Руската академија на науките во Санкт Петербург

- Во 1804 година во престолнината бил основан Главниот педагошки институт, кој повеќе не бил дел од Академијата на науките.

- Во 1819 година Александар I го одобрил нацртот за основање на Санктпетербуршкиот универзитет врз основа на реорганизираниот Педагошки универзитет. Во 1821 година универзитетот ја добил титулата Императорски универзитет, а во 1830-тите бил сместен во познатата зграда на Дванаесетте колегиуми.

Зградата на Дванаесетте колегиуми на Васиљевскиот остров во Санкт Петербург

Во 1980-тите универзитетот почнал да ја проучува раната историја на своето основање. За година на основање на универзитетското образование во Санкт Петербург е прогласена 1724 година, а Државниот универзитет во Санкт Петербург ужива статус на наследник на Академскиот универзитет на Петар Велики. Ваквиот став денес се застапува и на државно ниво, не само на универзитетот.

Значи, на 8 февруари 2024 година СПбГУ го слави својот 300-ти роденден, а МГУ во 2025 година ќе го прослави 270-от.

Московскиот државен универзитет (МГУ) „М. В. Ломоносов“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња