1. Кој е бројот на паркинг-местото на кое се наоѓа автомобилот?
Одговорите ќе ги најдете на крајот на статијата!
2. Во кој правец се движи автобусот?
3. Како полицискиот инспектор ја препознал лагата?
Во канцеларијата на полициски инспектор дошол непознат маж. Бил видно вознемирен и ја раскажал оваа приказна:
„Утрово се вратив од одмор. Цела ноќ морав да се трескам во воз. Не спиев доволно и, кога дојдов дома, решив да прилегнам на каучот. Од умор не забележав веднаш дека од собата исчезнал клавирот и дека масичката и фотелјата се поместени. На оваа хартија го нацртав распоредот на мебелот пред да заминам“.
„Вака стојат работите“, рекол инспекторот гледајќи го цртежот. „Пред сé, совршено ми е јасно дека воопшто сте немале пијано. А сега да видиме зошто ви требаше таа лага“.
Како инспекторот сфатил дека немало клавир?
4. Момчињата тргнале да ја полеваат градината со кофи вода. Кое од нив ќе донесе повеќе вода?
5. Цртачот направил седум грешки. Можете ли да ги пронајдете сите?
Точни одговори:
Загатка бр. 1:
87 (Овде не ви треба комплицирана математичка пресметка, доволно е да ја свртите сликата)
Загатка бр. 2:
Овде ви е потребно искуство. Не ја гледаме вратата на автобусот, што значи дека тој се движи налево.
Загатка бр. 3:
Вдлабнатината во вид на клавир секогаш се наоѓа од десната страна, што значи дека инструментот е погрешно нацртан и дека човекот не знае како всушност изгледа еден клавир.
Загатка бр. 4:
Момчето од лево има поголема канта, но цевката за полевање се наоѓа на исто ниво како кај помалата канта. Затоа во поголемата канта ќе има иста количина на вода како и во помалата (сé повеќе од тоа ќе се излева преку цевката, затоа што важи физичкиот закон за сврзани садови).
Загатка бр. 5:
1. Патоказот покажува стрелки во различен правец, но пат нема.
2. Дрвјата не можат да растат под далноводи.
3. Месечината свети од едната страна, а столбовите на далноводот фрлаат сенка во спротивен правец.
4. Соѕвездието Голема Мечка е прикажано како во огледало.
5. Месечината не може да се наоѓа помеѓу Големата Мечка и ѕвездата Северница.
6. На далноводот нема изолатор.
7. Возилата се движат во спротивен правец, а зад нив останува само една трага.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче