Чудните обичаи на дипломците на руските универзитети (ФОТОГРАФИИ)

Александар Уткин/Sputnik
Ако во Русија видите завои на споменици или тетратки како летаат од прозорците, можете да бидете сигурни дека дипломците го прославуваат завршувањето на студиите!
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

На крајот на јуни руските дипломци се збогуваат со студентскиот живот и својот универзитет. Покрај традиционалните церемонии како што се врачувањето дипломи и празничните вечери со генерацијата и професорите, на многу универзитети има и неформални средби на кои студентите весело го одбележуваат денот кога ја добиле дипломата.

„Возење“ во леѓен

Најспектакуларниот и најпознат обичај го имаат дипломците на Московскиот државен технички универзитет „Бауман“. Идните инженери ќе си наточат пиво, ќе стават шлем и седнуваат во лимен леѓен со старите белешки од предавањата па така се спуштаат по скалилата на студентскиот дом, а потоа леѓенот се закачува за автомобил и се влече по целиот крај додека не се направат дупки во него. Можете ли да си замислете каква врева е тоа? Полицијата во 2016 година официјално ја забрани таквата „забава“ бидејќи станарите на околните згради се жалеа постојано, но дипломците не се откажуваат од своите обичаи. Ако ништо друго, барем да се лизгаат во леѓен. Патем, порано инженерите ги полагаа дипломските испити зиме, па леѓените не правеа толкава врева на снег.  

Дипломците на Уралскиот федерален универзитет во Екатеринбург имаат сличен „откачен“ обичај.

Палење тетратки

На предавање

„Постои обичај студентите на медицина да запалат голем логорски оган во близина на студентскиот дом и да ги палат белешките од латински, хирургија, неврологија и други страшни предмети“, вели Александар Виљаев, дипломец на Уралскиот државен медицински универзитет во Екатеринбург. На Томскиот политехнички универзитет се палат и работните тетратки.

Дожд од тетратки

Дипломците на други универзитети прават „дожд“ од своите белешки од наставата. На Сибирскиот државен медицински универзитет во Томск, студентите од прва година ги сечат своите тетратки на ситни парчиња и ги фрлаат низ прозорците. Овој гест во извесна смисла ја симболизира промената на генерациите.

Кинење на белиот мантил

Студентите по медицина одат на вежби во бели мантили и по завршувањето на студиите имаат навика симболично да ја уништат таа униформа. На пример, на Волгоградскиот државен медицински универзитет дипломците се потпишуваат на своите мантили, потоа ги кинат на парчиња и секој си задржува парче за спомен.

Во влечки на факултет

На Универзитетот „Инополис“ во близина на Казањ студентскиот дом е споен со училниците и студентите можат да дојдат на предавање во влечки, што некои и навистина го прават! Пред неколку години студентите дојдоа на гала-прославата во влечки додека останатите гости беа во свечени одела. Потоа универзитетот одлучи во рамките на дипломската прослава да воведат журка „Влечки на годината“. Студентите покрај тоа ја добиваат и „гипсената нога на ректорот“ како награда „За исклучителни неакадемски достигнувања“.

Мотање на споменици со завои

Споменикот на Иван Сеченов во Москва.

Николај Пирогов и Иван Сеченов се легендарни руски лекари кои дале огромен придонес во развојот на медицината. Во Москва нивните споменици се наоѓаат еден до друг, па дипломците на медицинските факултети им даваат „брза помош“ со ставање медицински капи и ги завиткување во завои. Понекогаш наместо завои користат тоалетна хартија!

Облекување на споменици во морнарска униформа

Дипломците на Воената академија „Фрунзе“ во Санкт Петербург му облекуваат морнарска маичка со синобели пруги („тељњашка“) на споменикот на првиот руски морепловец Иван Крузенштерн на кејот на реката Нева. Тељњашка од нив добива и Херкул во Александрискиот парк кај Адмиралитетот, како и орелот на Чесменскиот столб во градот Пушкин.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња