Борба за рускиот јазик: Децата од цртани филмови ќе можат да ги научат „заборавените“ руски зборови

Скриншот

Скриншот

Animaccord, 2016
Рускиот уметник Михаил Шемјакин и филмското студио „Сојузмуљтфиљм“ ќе снимаат серија анимирани филмови за деца за руските зборови кои излегуваат од употреба, соопшти прес-службата на Министерството за култура на Русија.

„Првата тема за која разговаравме беше рускиот јазик кој исчезнува не само со секој поминат ден, туку со секој поминат секој час. Долги години веќе се занимавам со руските наречја со Институтот за лингвистика и дијалектологија. Се обидуваме да ја обновиме идејата на Александар Солженицин, кој го направи првиот речник на заборавените руски зборови. Тоа се оние зборови кои, според него, е можно повторно да се воведат во употреба“, рече Шемјакин по состанокот со министерот за култура на Русија Владимир Медински.   

Тој додаде дека работи на серијата цртани филмови за телевизија заедно со филмското студио „Сојузмуљтфиљм“. Децата ќе раскажуваат приказни за руските зборови кои постепено излегуваат од употреба. Според уметникот, планирано е секој ден во утринска детска емисија да се прикажува по еден краток цртан филм за еден или неколку застарени зборови.

Покрај тоа, Шемјакин истакна дека веќе две години работи на проект за долгометражен руско-американски цртан филм и дека во тоа исто така учествува филмското студио „Сојузмуљтфиљм“. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња