Шахот станува задолжителен предмет во руските училишта?

Николај Гингазов/Russian Look/Global Look Press

Руското Министерство за образование позитивно го оцени примерот на Москва и на Ханти-Мансијскиот автономен округ каде во одделни училишта се учи шахот како задолжителен предмет.

Догодина во руските училишта ќе се појават задолжителни часови по шах, велат од прес-службата на Меѓународната шаховска федерација.

Во некои училишта во Москва и во Ханти-Мансијскиот автономен округ веќе се предава шах, а резултатите беа позитивно оценети од Министерството за образование. Во моментов постојат учебници и педагошка програма. Првачињата годишно ќе имаат 33 часови шах, а од второ одделение 34.   

Претседателот на Шаховската федерација, поранешен вицепремиер на Русија Аркадиј Дворкович изјави дека оваа програма успешно се реализира во регионите, а Ханти-Мансијск има сѐ повеќе љубители на шахот. Но најважно е тоа што часовите по шах позитивно влијаат на оцените по другите предмети.

Прочитајте повеќе: Русија воведува задолжителни часови по шах во училиштата

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња