Ученик од Русија првпат апсолутен победник на меѓународен натпревар по географија

Global Look Press

Ален Коспанов од Москва вели дека ја засакал географијата во деветто одделение и дека учествувал  на повеќе регионални и државни натпревари пред да се најде во националниот тим.

Ученикот на московското училиште бр. 853, седумнаесетгодишниот Ален Коспанов е апсолутен победник на 15 меѓународен натпревар по географија кој во понеделникот, 6 август, заврши во Квебек, Канада. Ова за ТАСС го соопшти водачот на рускиот тим, водечкиот научен соработник на Географскиот факултет на МГУ „Ломоносов” Павел Кирилов.

„Ален Коспанов е првиот руски ученик кој го освои апсолутното прво место во индивидуален пласман на меѓународниот натпревар по географија. Тој го освои златниот медал и го носи звањето најдобар млад географ во светот“, соопшти соговорникот на агенцијата. Кирилов додава дека сите четири членови на репрезентацијата на Русија освоиле медали на натпреварот:  Олга Богданова од Москве освои сребрен, а Вјачеслав Богољупски од Челјабинската област и Михаил Сељугин од Пермскиот крај бронзени медали.

„Што чувствувам денес? Радост. Мило ми е што станав првиот претставник на Русија кој освоил злато на натпреварот“, изјави за ТАСС Коспанов. „За мене ова е веќе втор меѓународен натпревар, минатата година во Белград освоив сребрен медал“.

Меѓународниот натпревар по географија се одржува од 1996 година. Од 2012 година се одржува секоја година. На натпреварите учествуваат ученици од преку 40 земји. Учесниците го покажуваат своето знаење во три етапи: писмен тест, набљудување на теренот и мултимедијален тест. Сите задачи се на англиски јазик.

2018 година рускиот тим на млади географи постигна подобар успех од претходните години: на минатогодишниот натпревар руските ученици освоија три сребрени и еден бронзен медал. Русија беше домаќин на турнирот во 2015 година. Во 2019 година натпреварот по географија ќе се одржи во Хонгконг.

Прочитајте повеќе за вундеркиндот Руслан за кој зборува цела Русија и понатаму поставува рекорди

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња