Претседателот на РФ Владимир Путин на состанок со членовите на владата на РФ.
Global Look Press„Достигнуваме обнова на темпото на економски раст. Тоа не е како во Индија или Кина, но сепак по рецесијата гледаме и регистрираме раст на економијата за повеќе од 2%“, изјави Путин.
„Постигнавме рекордно за Русија намалување на инфлацијата“, соопшти Путин. „Сега тоа е 3,5%, до крајот на годината очекуваме 3,7-3,8%“, истакна рускиот претседател.
Притоа шефот на руската држава истакна дека „продлабочувањето на економската соработка со земјите од БРИКС Русија го реализира денес во услови на надминување појави на криза во нашата економија“.
Путин, исто така, соопшти дека во Русија се зголемуваат инвестициите во основниот капитал, трговската размена е во пораст, притоа во секторот за нафта и гас (25% во првото полугодие), се забележува рекордно ниска стапка на невработеност (околу 5%), индустриското и земјоделското производство покажуваат пораст.
„Нашата заедничка работа за интеграција на напорите на нашите економии за обезбедување не само економски раст, но исто така и благосостојба на нашите граѓани е важен фактор за нашиот севкупен развој, и ова треба да нѐ насочува кон зајакнување на соработката“, им порача Путин на колегите од БРИКС, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче